Од 1990 година до денес,  Здружението преку различни форми на дејствување успева да го зачува идентитетот на Египќаните во Република Македонија и да ја оправда својата мисија и цел.

Визијата на Здружението е до 2020 година да добие интегрирана етничка заедница во општествените текови, преку вклучување на младите во образовните институции со зголемена свест за етничката припадност, подигнување на економскиот развој, како и активно вклучување во локалните општествени иницијативи со цел развој на граѓанското општество. На десеттото изборно собрание на Здружението, во раководството се избрани пред се млади, високо образовани луѓе, кои ја претставуваат новата современа генерација носител на активностите во насока на подобрување на статусот на Египќаните во Република Македонија како национално малцинство. Здружението работи на реализирање на програмите и плановите во сите организациски нивоа.

Конституенти

населението од охридско-струшкиот регион кое може и сака да биде ангажирано во локални општествено – граѓански иницијативи, независно од старосната граница, верската, етничката или било какава друга припадност.

Наслов

Потребите на граѓанинот на прво место

За што е потребна акцијата

Отсуство на граѓански активизам во охридско- струшкиот регион за јавно истапување и говорење за проблеми кои ја засегаат заедницата. Оваа појава посебно доаѓа до израз во периодов на актуелна политичка криза во државата. Пасивноста, незаинтересираноста, чувството на немоќ да се иницираат промени или стравот од политички притисок, се главно причините поради кои граѓаните не се охрабруваат јавно да проговорат за она што е нивен интерес.

Цели и резултати

Цел

Јавното излагање на граѓанските ставови и балансираните информации, ќе ги охрабрат граѓаните јавно и слободно да ги предочуваат проблемите пред надлежните институции, да бараат адекватна реакција од нив и решавање на истите врз основа на важечката законска регулатива во РМ, независно од нивната политичка, верска, социјална, етничка или било каква определба.

Резултати

Подобрена слобода на изразување и јавно искажани ставови.

Активности

Клучна улога за сензибилизирање на јавноста имаат медиумите, поради што главна активност во овој проект се ТВ дебатите. Учесниците во емисиите ќе се претставници од сите сфери на општественото живеење, кои ќе имаат можност јавно да го искажат личниот став по одредено прашање. Темите во ТВ дебатата ќе произлегуваат од актуелните проблеми во социјалната сфера, економијата, образованието, здравството, инфраструктурното уредување, односно ќе се отвораат прашања кои се од интерес на населението и за кои што сакаме да го поттикнеме јавно да проговори и да ги мапира проблемите.

ТВ дебатите ќе се продуцираат на неделна основа во времетраење од 45-50 минути, со тековно одредување на темите на истите, во зависност од актуелните случувања во регионот. Изборот на темите, како и соговорниците кои ќе дебатираат на истата, ќе го врши тим составен од претставник на здружението – координатор на проектот и од претставници на партнерот во проектот – Телевизија ТВМ. За анимирање на јавноста со цел учество во креирање на емисиите со предлагање на теми ќе се искористат:

  • ФБ страните на здружението и на Телевизија ТВМ
  • е-маил адреса отворена за потребите на емисијата
  • промо најави за емисијата кои ќе се емитуваат на Телевизија ТВМ.
  • Во предвидениот проектен период од 3 месеци, ќе реализираме 12 емисии

Буџет

559.200,00 МКД