Младински Сојуз (МС) е независна, невладина, неполитичка и непрофитна организација основана во 1999 година со примарна цел креирање на динамична средина и обезбедување простор за активно и ентузијастично учество на младите луѓе во сите сфери на општественото живеење. МС е воден од страна на младите луѓе за млади луѓе, овозможувајќи им големо искуство на сите нејзини чинители.

Организацијата е со седиште во Крушево и има подружница во Скопје.

Визијата на МС е активно вклучување на младите луѓе во сите пори од општествениот живот и нивно влијание врз донесувањето на одлуки на локално, национално и регионално ниво.

Вредности и принципи: вклученост, демократија, еднакви можности, отвореност, солидарност, толеранција, разбирање, меѓусебно поддржување и соработка.

Конституенти

Локалните власти, граѓански организации, локални граѓански иницијативи, образовни чинители, работодавци, културни чинители, туристички чинители, етнички малцинства.

Наслов

Враќање во старото училиште

За што е потребна акцијата

Проектот „Враќање во старото училиште“ цели кон подигање на атрактивноста на Крушево и неговата околина, на граѓаните на Крушево, институциите, работодавачите и посетителите. Со Проектот ќе се направат подготовки за трансформирање на убавото, иако „изнемоштено“ наследство на Крушево, старата училишна зграда на ОУ „Никола Карев“ (Горното училиште, изградено во 1910) во монументален „мултифункционален простор“. Тој ќе служи како центар за одржлив, општествен, економски, образовен, културен, туристички (авантуристички) и спортски развој. Идејата е да му се даде нов живот на старото училиште, како место за информации, едукација, комуникација, соработка и организација на инспиративни настани, кои ќе бидат иницирани од граѓаните на Крушево, организирани од граѓанскиот сектор и другите општествени чинители, со што би се поттикнал локалниот развој.

Цели и резултати

Цел

Активно вклучување на заинтересираните и релевантни во областа туризмот во Крушево и околните села во однос на концептуализација, програмирање и дизајн на Старото училиште (Горно училиште, изградено во 1910) како мултифункционален простор за промовирање на локалниот одржлив општествен, економски, културен, туристички и (авантуристички) спортски развој во Крушево и неговата околина.

Резултати

  • Добро управување- акцијата ќе обезбеди добра практика на локално владеење, каде локалните власти ќе ја акцентираат инклузијата на граѓаните и нивните организации во процесот на донесување одлуки на локално ниво.
  • Децентрализација- акцијата ќе ја изврши потребната подготвителна работа за потенцијална пренамена на Старото училиште во Крушево како мултифункционален простор кое ќе го поттикне локалниот општествен и економски развој во еден мал град и околните села далеку од Скопје и другите поголеми градови во Пелагонија како Битола и Прилеп.
  • Граѓански развој- акцијата ќе даде импулс за развој на локалното граѓанско општество во Крушево, каде што активно работат единствено Младинскиот сојуз – Крушево и некои помали граѓански иницијативи.

Активности

  1. Анализа на засегнати страни;
  2. Програмирање, спроведување директни анкети, фокус групи, интервјуа и јавна расправа;
  3. Дефинирање на правна, институционална и финансиска рамка за идно управување, менаџирање и работење на Старото училиште;
  4. Развој на проект;
  5. План за одржливост;
  6. Бизнис план.

Буџет: 388.000 МКД

Времетраење: 1.7.2018– 15.9.2018