Здружение – Македонсо женско лоби Скопје
Објавено: 22/06/2017
Вкупен буџет: 1.475.753 МКД
Времетраење: 01.05.2017 – 30.06.2018
Македонското женско лоби (МЖЛ) е невладина организација формирана во 2000 година која ги обединува меѓуетничките, меѓупартиски и меѓуверските коалиции на жени од граѓанското општество, политичките партии, Собранието, локалните власти, синдикат, медиумите, како и индивидуалки посветени на подобрување на положбата на жените во Република Македонија и на општеството во целина. Заедно работејќи на прашања кои се однесуваат на еднаквите права и активното учество на жените во општеството, Македонското женско лоби придонесува не само за подобрување на положбата на жените во општеството, туку исто така и на општеството во целина. Во исто време, МЖЛ дејствува како силен интегративен фактор преку поттикнување на меѓусебната толеранција и премостување на етнички, верските и политичките граници. Мисијата на МЖЛ е постигнување на родова еднаквост во сите сфери на општествениот и јавниот живот преку застапувањето и лобирањето на национално и локално ниво.
Конституенти: претставниците на граѓанските организации и тоа претежно женските организации и струковите женски организации, женските секции на политичките партии, пратеничките од Собранието на Република Македонија, избраните жени и мажи од комисијата за еднакви можности во Собранието на Република Македонија и комисиите на еднакви можности во локалната самоуправа
Претходно искуство
- Македонска активна платформа за социјална инклузија
- Ние сме идни лидери и застапувачи на промени во нашите заедници
- Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Родовите прашања и политики како мотивација за граѓаните да бидат вклучени во креирање на локалните политики
За што е потребна акцијата
Социјалнo исклучените групи како што се жените од различен профил, малцински групи на жени, жените жртви на семејно насилство се особено погодени од нееднаков третман и ниско ниво на учество во економските, социјалните, политичките случувања во заедницата и многу малку учествуваат во граѓанскиот активизам на локално ниво како и многу малку добиваат поддршка од локалната заедница. Оваа акција го подобрува владеењето на правото, ги поддржува процесите на децентрализација како и целта за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за презентирање на потребите на маргинализираните групи.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел– Да се промовираат и зајакнат родово сензитивните политики и партнерства во рамките на локалната самоуправа
Специфична цел– Воспоставување на механизми за соработка и иницирање на широк процес на консултации меѓу релевантните актери на локално ниво односно меѓу граѓаните, граѓанските организации и комисиите за еднакви можности на локално ниво.
Резултати
- Формирана коалиција на граѓански организации и останати релевантни фактори на локално ниво со кои би се иницирале интервенции во локалните политики.
- Креиран документ за секоја општина со специфични препораки кои би се содржеле во Локалните акциски планови кои се однесуваат на родовите
- Идентификувани на прашања од локалните политики кои треба да бидат поставени на агенда на национално ниво т.е. во Собранието на Република Македонија
Активности
- Формирање на коалиции на граѓански организации кој ќе учествуваат во дизајнирањето и имплементацијата на Локалните акциски планови кои се однесуваат на родовите прашања
- Организирање на активности за лобирање на вметнување на препораките за локалните акциски планови на дневен ред на Советите во општините
- Идентификување на прашања за соработка помеѓу комисиите за еднакви можности во локалната самоуправа и комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите во собранието