ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕКТ СКОПЈЕ
Објавено: 24/01/2017
Вкупен буџет: 2.749.973
Времетраење: 01.1.2017 – 30.6.2018
Конект работи во насока на поттикнување и промовирање на приватното донирање и општествената одговорност насочено кон ефективен и долгорочен развој на Македонија. Се стреми да биде клучната алка за поврзување на донаторите со граѓанскиот сектор за создавање на позитивно влијание во општеството. Конект им овозможува на конституентите да ги реализираат своите визии за промените кои сакаат да ги видат во своите заедници.
Како единствена организација која сеопфатно и посветено ја третира оваа општествено значајна тема, Конект овозможува: поддршка на компаниите во развој на одговорен бизнис и стратешко инвестирање во заедницата; развивање на паметна и обмислена индивидуална и семејна филантропија; поддршка при градење на долгорочни партнерства помеѓу ГО, граѓаните и компаниите; позитивна околина за филантропија и општествената одговорност (ООП) во насока на постигнување вистинска општествена промена.
Конституенти
Компании (без разлика на нивната големина и индустриски сектор); индивидуалци и семејства што донираат или имаат можност да донираат; граѓански организации (ГО) во својство на крајни корисници индиректни целни групи: институции, медиуми, поширока јавност.
Претходно искуство/проекти
Искуството на КОНЕКТ се гледа преку неколку успешно спроведени проекти:
- Граѓанското општество посилно со бизнисот и граѓаните;
- Креирање на овозможувачка средина за финансиска одржливост на граѓанските организации;
- Пилотирање на модел за одржливо вработување на лица со попреченост.
Преку овие проекти Конект ги постигна следните цели:
- Поттикнување на поединците и семејствата да донираат мудро и обмислено;
- Поддршка на деловните субјекти, без оглед на големината, да донираат и вложуваат во заедницата стратешки и со долгорочно влијание;
- Поттикнување на луѓето насекаде низ Македонија да ги осмислат своите донации – и малите донации кога се здружени можат да променат многу;
- Подигнување на свеста за потенцијалот на филантропијата да постигне вистинско влијание во општеството.