Здружението „Извор“ од Кратово е регистрирано и активно работи од 2002 година. Преку своите програмски определби се залага да привлече домашни и странски инвестиции за подобрување на социо-економската состојба на населението од регионот, намалување на невработеноста,  заштитата и унапредувањето на животната средина, одржливо искористување на природните реткости и убавини, развојот на туризмот на регионално, национално и меѓународно ниво.

Во здружението се вклучени членови од различни професии и занимања.

Здружението како водечка организација реализираше повеќе успешни проекти, воспостави партнерска соработка со институции и НВО од Република Македонија, пограничниот регион од Република Бугарија и други организации од соседните земји и Европската Унија.

Здружението „Извор“ управува со геоморфолошкиот локалитет – споменик на природата Куклица, кој прерасна во атрактивна туристичка дестинација во Република Македонија интересна за многубројните домашни и странски посетители.

Конституенти

Здруженијата партнери, релевантните институции од регионот (агенции, локални самоуправи и подрачни министерства) и организации.

Претходно искуство

Во рамките на своите досегашни активности здружението „Извор“ има учествувано на голем број работилници, форуми, семинари и обуки на домашно и меѓународно ниво како и  реализирано проекти финансирани од домашни и странски институции.

Наслов

Нова надеж – нови перспективи

За што е потребна акцијата

Проектот е одговор на големата невработенотс и нискиот животен стандард на жителите на Североисточниот плански регион кои барајќи излез се иселуваат од родните места, најчесто, надвор од државата. Со проектот се воспоставува поширока платформа на сите релевантни чинители кои ќе работат на намалувањето на миграциите.

Цели и резултати

Цел

Создавање мрежа на граѓански организации кои заедно со локалните власти  и бизнис секторот активно ќе работат на промоција и прифаќање на најдобри практики за намалување на невработеноста и справување со миграцијата.

Резултати

  1. Воспоставување одржлив модел на соработка помеѓу граѓанските организации, локална самоуправа и бизнис сектор.
  2. Подобрување на вработливоста на младата популација (урбани и рурални подрачја) преку информирање за преквалификација, стручно оспособување, волонтерска работа и практиканство.
  3. Создавање услови за економски развој преку подобрување на вработливоста и зајакнување на меѓуетничката толеранција.

Активности

  • Формирање на неформална мрежа на граѓански организации во целниот регион (Кратово, Куманово, Липково и Старо Нагоричане);
  • Изготвување на студија за моменталната состојба со миграцијата во целниот регион и анализа на пазарот на труд (податоци од Агенција за вработување (подрачна единица), анкети на лица мигранти и потенцијални мигранти (во смисла на економски мигранти) и правни субјекти;
  • Формирање на заедничко тело (Заеднички економско-социјален совет) кое ќе го сочинуваат претставници од граѓанскиот сектор (организацијата партнер во проектот и едно граѓанско здружение од 4-те општини), еден претставник од бизнис секторот и еден претставник од локалната самоуправа (вработени од ЛЕР одделенијата или одговорни за Труд и социјална политика);
  • Реализација на 4 информативни средби (по една во секоја општина) околу проблемите на младите поврзани со миграција и невработеноста;
  • Реализација на 4 дебатни средби;
  • Креирање на стратегија со користење на дел од податоците собрани во студијата со учество на сите засегнати страни кои имаат допирни точки и можност за спречување на миграцијата;
  • Одржување на 2 јавни средби со мечирање на две таргетирана општина за една средба;
  • Завршен настан на кој ќе учествуваат сите организации и институции кои биле дел од имплементирањето, како и сите останати засегнати страни (приватен/бизнис сектор, локални самоуправи, други релевантни институции/агенции).

Буџет

400,000 МКД