Институтот за стртешки истражувања – ИСИЕ беше формиран во 2004 година од група млади ентузијасти посветени на вредностите на слободата, демократијата и пазарната економија. Нивната визија е да бидат една од водечките истражувачки организации во Македонија која нуди издржани анализи и совети за клучните предизвици и влијае на јавните политики во земјата и регионот, особено во областа на науката и образованието во функција на создавање на општество базирано на знаење.

ИСИЕ е основан со мисија за истражување и нудење на решенија за стратешките проблеми во Македонија и регионот, особено во областа на образованието и науката, како и едукација на населението и за можностите за нивно решавање. ИСИЕ се залага за промоција на европските вредности и најдобрите практики во образованието и науката во општеството, но и слушање и почитување на гласот на учениците, студентите и научниците.

Конституенти

Академската заедница, универзитетите, наставниците и соработниците, студентите и младите.

Наслов

Воспоставување на критериуми за квалитет во општествените науки во функција на спречување на одливот на мозоци од Република Македонија

За што е потребна акцијата

Последните истражувања покажуваат дека се зголемува бројот на квалификуваните и образовани лица во областа на општествените науки кои ја напуштаат земјата. Оваа нестандардна миграција е карактеристична за последните неколку години. Една од причините претставува и фактот дека во земјата не постојат критериуми за тоа што се смета за квалитет во областа на општествените науки што се реперкуира на законските решенија (Закон за високо образование, Закон за наука, итн.) кои не создаваат рамка во која би можело да се подобрат можностите на успешните студенти за вработување, развој на кариерата  и конечно изразување во сопствената земја. Паралелно со тоа, овие законски решенија се предмет на постојана измена што ја доведува во прашање правната сигурност на нашите конституенти.

Во таа насока, отсуството на пристап за валоризација на квалитетот на истражувањата, придонесува истражувачите да не гледаат перспектива во своите средини и да се отселуваат.

Цели и резултати

Цел

Преку воспоставувањето на јасни критериуми за квалитет да се спречи миграцијата на истражувачите од општествените науки од Македонија.

Резултати

  • Инициран дијалог со најмалку 50 конституенти за ова значајно прашање;
  • Преку спроведена анкета со најмалку 150 испитаници (на македонски и албански јазик), утврдени ставови за прашањето на квалитетот во образование и можностите за спречување на миграцијата на најквалификуваните поединци.
  • Организирана тркалезна маса со најмалку 30 учесници;
  • Организиран тренинг со најмалку 30 учесници – млади истражувачи во соработка со FORS Лозана;
  • Подготвен и дистрибуиран документ за креирање на политика (на македонски и албански јазик).

Активности

  1. Компаративно истражување политики на спречување на одлив на мозоци во општествени науки како и критериуми за квалитет;
  2. Спроведување на анкета со конституенти преку кои ќе бидат утврдени критериуми и индикатори за квалитет во општествените науки (преку bottom-up approach и користење на методологија за ефикасно спроведување анкети во соработка со ФОРС – Лозана);
  3. Организирање на тркалезна маса со конституентите за резултатите од анкетата и можноста за нивно инкорпорирање во новите законски решенија;
  4. Тренинг со млади истражувачи на кој ќе бидат запознаени со главните постулати на концептот на квалитет во општествените науки во соработка со ФОРС – Лозана) – од учесниците ќе се очекува да организираат последователни настани во нивните средини;
  5. Подготовка, издавање и промоција на документ за креирање на политики.

Буџет: 400.000 МКД

Времетраење: 5.7.2017 – 4.1.2018

Веб страница