ЗДРУЖЕНИЕ ИНСТИТУТ ЗА РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЦАТА – ТЕТОВО
Објавено: 22/06/2017
Искуството на Институтот за развој на заедницата (ИРЗ) се заснова на 20 години работа со заедницата, адресирање на проблемите на граѓаните и помагање при надминување на предизвиците.
Визија: Разновидно и хармонично општество без предрасуди – општество на среќни граѓани.
Мисија: Институтот за развој на заеднацита е одржлива граѓанска организација која работи на градење на демократско и мултиетничко општество преку зајакнување на капацитетите на поединци, организации и институции.
Конституенти:
Производителите на храна, граѓаните кои живеат во селските етнички мешани средини, малите и семејни земјоделски стопанства, жените кои живеат во руралните средини и семејните земјоделски стопанства (формали и неформални/нерегистрирани).
Наслов
„Национален комитет за семејно фармерство“ – Вклучување на мали семејни формални и неформални земјоделски стопанства во процес на одлучување на локално и централно ниво
За што е потребна акцијата
Во Република Македонија нема формирано Национален комитет за семејно фармерство, кој што ќе се грижи и ќе ги застапува правата на малите семејни фарми и производители на храна. Семејните фарми не учествувата во процесите на донесување на одлуки на локално ниво, немаат пристап до информации и немаат можност да ги користат фондовите на ЕУ. До сега не беа организирани на овој начин, и нивниот глас не можеше да се слушне во процесот на одлучување.
Цели и резултати
Цел
Зајакнати семејни фармерства, зголемено производство на храна, зголемени инвестиции во земјоделието, зголемен број на фармери.
Резултати
- Формиран и воспоставен Национален комитет за семејно фармерство со своја структура
- Зајакнати капацитети на семејни фармерства за нивно учество во процес на развој на стратегии, планови, приоритети и одлучување.
- Дефинирани мерки за развој на семејното фармерство
- Дефинирани и утврдени приоритети кон програмата за рурален развој
- Зголемена искористеност на ЕУ фондови (долгорочно)
- Намалување на сиромаштија
Активности
- Истражување
- Обуки
- Лобирање
- Потпишување на декларација за формирање на Национален комитет за семејно партнерство
- Организирање на основачко собрание
- Развој на стратешки план
Временска рамка: 1.3.2017 – 31.12.2017
Буџет: 400.000 МКД