Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите „Месечина“ – огранок Дебар е граѓанска организација формирана во 1995 година како резултат на ентузијазмот на група млади луѓе да одговорат на предизвикот за развој на ромската заедница и нејзина социјална и економска интеграција во новосоздаденото македонско општество. Развојната стратегија уште на почетокот ги постави столбовите на работа и развој на „Месечина“, а тоа се:

  1. Придонес кон образованието на Ромите во Република Македонија,
  2. Учество на Ромите во креирање на политики и донесување на одлуки;
  3. Заштита и унапредување на човековите права;
  4. Социо – економски развој на Ромите.

Конституенти

Учениците од средните и основните училишта, невработени студенти и млади Роми, локалната самоуправа, институциите во Дебар.

Наслов

Интегрирани Роми – продуктивно општество!

За што е потребна акцијата

Целта на проектот е преку активирање на младите кадри во организацијата да се обезбедат клучни информации односно податоци за ромската популација во општина Дебар кои ќе придонесат кон унапредување на состојбата на Ромите во општеството во повеќе сфери на секојдневниот живот. Точните и реалните состојби ќе помогнат во претставување на реалната слика на состојбата на Ромите во општината и ќе овозможуваат полесно прифаќање на ова етничка група како составен дел на заедницата. Прибирањето на клучните информации за ромската заедница  е  неодложна потреба за да се гради една нова база на податоци која ќе послужи како основен реален извор од каде ќе се исцрпат реални информации и податоци за настап во разни проекти и други активности кои се ориентирани кон промена на состојбата на Ромите во секојдневниот живот.

Цели и резултати

Цел

Зголемување на вработеноста на младите Роми и подобрување на услугите од страна на институциите во општина Дебар.

Резултати

  • Формирање на база на податоци за претставниците од ромската заедница во Дебар;
  • Зголемување на информираноста на учениците од основните и средните училишта како да дојдат до полесно вработување преку избор на соодветната професија;
  • Зголемување на соработката со локалната самоуправа, институциите на системот, со цел да се подобри положбата на претставниците на ромската заедница во Дебар;
  • Збогатување капацитетите на организацијата со млади кадри.

Активности

  1. Информативна средба со претставници на ромската заедница;
  2. Избор на тим од млади Роми за спроведување на анкета;
  3. Формулирање на содржината на анкетите и печатење на прашалници;
  4. Реализација на процесот на анкетирање според утврдените критериуми;
  5. Состанок со стручната служба на училиштето со учениците Роми од основните училишта во градот на тема ,,Избирај професија која овозможува брзо и квалитетно вработување“;
  6. Работилница со млади од средните училишта и студенти на тема „Вработувањето примарно – размисли при изборот на професијата“;
  7. Печатење на „Анализа и препораки од истражувањето за  потребите на Ромите во Дебар – 2018“.

Буџет: 214.300 МКД

Времетраење: 1.7.2018– 15.9.2018