ХДЗР Месечина – Гостивар, е граѓанско здружение формирано во 1993 година од интелектуалци Роми во Гостивар. „Месечина“ има хуманитарен и добротворен карактер и придонесува за социјална интеграција, ефективно и еднакво учество во демократските права и потенцијали наменети за ромската заедница, на национално и локално ниво. Организацијата директно ги поддржува и застапува Ромите.

ХДЗР Месечина, има значајни постигнувања во мобилизација на заедницата и јакнење на капацитетот на граѓанските организации. Здружението е една од водечките ГО кои работат со ромската заедница. Таа е дел од неколку формални и неформални мрежи во Македонија и надвор од неа.

Кoнституенти

Ромски информативни центри, ромски здравствени медијатори, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за здравство, граѓански организации кои работат со Роми.

Наслов

Институционализација на Ромски информативни центри (РИЦ) и Ромски здравствени медијатори (РЗМ)

За што е потребна акцијата

Граѓанските советодавни центри од истоимениот проект, со Стратегијата за одржливост на проектот во 2007 година, се трансформираа во проект на Министерството за труд и социјална политика  како Ромски информативни центри (РИЦ). Тие денес функционираат како 12 канцеларии во исто толку градови. Исто така, се иницираше проект наречен Ромски здравствени медијатори (РЗМ), кој денес функционира како проект на Министерството за здравство.

Делокругот на работа на овие две структури често се меша со работата на локалните невладини организации и други институции. Често пати од нив институциите очекуваат или бараат работа за која не се или не знаат дали се надлежни. Нивниот обем на работа не е дефиниран, ниту е доволно јасен. Постоеле обиди за средување на надлежностите и дефинирање на работните задачи, но никогаш немало иницијатива од страна на министерствата да ги систематизираат во работни места како административни или јавни службеници.

Цели и резултати

Цел

  1. Институционализација низ систематизација за вработување на вработените во РИЦ и РЗМ.
  2. Дефинирање на надлежности и задачи за работа на вработените во РИЦ и РЗМ.

Резултати

  • Институционализација и дефинирање на надлежности и задачи на работа на вработените на РИЦ и РЗМ;
  • Јасна дистинкција на вработените на РИЦ и РЗМ од други актери кои работат со потребите на Ромите;
  • Стекнување со редовен работен однос врз основа на систематизација на работни места на вработените на РИЦ и РЗМ, во рамките на институциите на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство.

Активности

  1. Подготвителни состаноци со претставници на Одделението за спроведување на Стратегијата за Роми при МТСП и одговорните претставници за РЗМ при Министерството за здравство за креирање на работилниците;
  2. Работилници за подготовка на работните обврски за РИЦ и РЗМ;
  3. Градење на човековиот капацитет и техники за вмрежување и соработка со претставници на институции и НВО секторот кои работи за потребите на Ромите.

Буџет: 350.000 МКД

Времетраење: 1.7.2018– 25.9.2018