Вкупен буџет: 1.800.000 МКД

Времетраење: 01.05.2017 – 31.05.2018

Хуманитарната Организација Ел Хилал е основана на 6 април 1991 год. Методологијата на работа на ХО Ел Хилал е системска. Системот вклучува:  раководните органи  на организацијата до оперативните кадри кои работат врз основа на претходно подготвена програма на делување за секоја тековна година која се усвојува во редовното Собрание како најважен орган на ХО ЕЛ Хилал секоја година. Сите активности кои произлегуваат од нивоата на дејствување се претходно анализирани, со дефинирани мерки за преземање со една единствена цел, целосно и успешно реализирање на активностите. Дејноста на ХО Ел Хилал е јасно дефинирана со статут на организацијата во кој се вклучени сите неопходни елементи односно: социјална заштита, култура, едукација, млади, деца и студенти, лица со посебни потреби, миграција, човекови права итн.

Конституенти

Населението, членовите, персоналот, волонтерите, поддржувачите на активностите на организацијата, индивидуалните донатори, образовните институции, организациите, институциите на системот итн.

Претходно искуство

  • Во точно време на точно место
  • Студенстски стипендии 2015/16
  • Едукативна екскурзија на деца без родители

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Истражување, промоција и враќање на заедничките вредности во РМ

За што е потребна акцијата

Загрижувачки е фактот што многу институции или медиумски куќи сè повеќе се насочени да промовираат негативни појави меѓу етникумите, отколку да прикажат позитивни примери кои ги има во голема мера. Имајќи предвид колку е значаен кодот на создавање на соживотот меѓу различните етнички заедници, сè повеќе сме обврзани како граѓани на демократскиот свет и космополитизмот да направиме одредени чекори кои ќе бидат насочени кон позитивни  елементи за градење на успешен соживот на сите етникуми.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и надминување на стереотипите за различниот етникум преку промоција на толеранцијата генерално во РМ.

Специфична цел– Доловување на модалитетите на етничкиот соживот, верската (не)толеранција и (не)можноста да живеат сите етнички заедници со сите притисоци и предрасуди  кои се присутни на различни нивоа. Што е тоа што ги зближува или дистанцира луѓето од различни нации, религии, родови, возрасти, различни културни средини  и социјални структури.

Резултати

  • Промоција на мултикултурни простори и културни обележја.
  • Признавање на различноста , взаемна толерантност и секојдневни контакти.
  • Процентуално зголемување на бројот на туристичката маса  која го посетува културниот простор што е ставен во рамката на истражување

Активности

  1. Истражување на мултикултурни простори и културни обележја и нивните различности воопшто во Р. Македонија.
  2. Формирање на оперативен, финансиски и временски план односно тим кои врз основа на истражуваните податоци ќе овозможува креирање на работни групи кои ќе создават форми на делување но и создавање на потреба за промоција преку различни под активности.
  3. Промоција на мултикултурата преку различни форми до развој на културниот туризам.
  4. Планирање и одржување на научни трибини, настани и манифестации кои како главна тема би го имале идентификуваното добро кое претставува значаен елемент во зачувувањето и одржувањето на заедништвото во културните простории и кое би придонело кон враќање на традицијата.
  5. Создавање производ со сите клучни елементи: истражување, анализа, форми на делување се до постигнатите резултати кои во иднина ќе бидат водич за идните генерации вклучувајќи во него сублимирани позитивни примери од преземената акција.

Веб страница