Здружение Хаус оф хоуп-Ленче Здравкин
Објавено: 02/03/2016
Здружението е основано во 2015 година како продолжение на индивидуалниот напор на Ленче Здравкин да обезбеди помош на бегалците (храна, вода, обувки, облека, возни билети) кои транзитираат низ Македонија.
Здружението преку своите членови има за цел да помага во собирање и делење на храна , облека, обувки на бегалците како и да ги едуцира бегалците преку флаери, брошури, од една страна, а преку ТВ емисии да ги запознае граѓаните со бегалците и нивните голготи нивното прифаќање во прифатниот центар Винојуг и работата на сите организации.
Конституенти
Граѓаните од Гевгелија и околината, од Велес, од Градско, од Куманово со околината вклучувајќи го и Табановци (околу 220.000 потенцијални гледачи).
Наслов
Македонија и бегалците
За што е потребна акцијата
Бегалците се соочуваат со големи проблеми и отежната транзиција поради зимските временските услови. Потребно е да се подигне свеста на граѓаните за вредноста на човечкиот живот, осврнувајќи се на стории за децата, жените, старите лице и лицата со посебни потреби кои се жртви на воените жаришта зафатени со оваа бегалска криза.
Цели и резултати
Цел
Да се едуцираат жителите на централниот дел на Република Македонија па и пошироко за нивна мобилизација за помош и поддршка на бегалците.
Резултати
Вклучени граѓани кои им помагаат на бегалците со топла зимска облека, храна, вода, медицинска помош и се што е потребно при нивното транзитирање.
Активности
Подготовка на шест емисии со должина од 20-25 минути во кои се презентираат активнстите на ограниациите кои работат во транзитните центри и потребите на бегалците.
Буџет
559.000,00 МКД