Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС) е невладина, непрофитна и медиумска организација, основана од страна на новинари, екепсерти и преставници на невладини организации од Република Македонија. Дел од тимот на БИРС се и новинари и експерти од скоро сите земји на Балканот, кои се стремат да создадат нови мостови за соработка потпирајќи се на капацитетите на оваа организација.

Мисијата на БИРС е зацврстување на довербата помеѓу граѓаните од различни народи, етникуми и религии преку професионално известување, академско анализирање и истражувачко новинарство. Прекуграничната и меѓуетничката соработка на овие полиња придонесува кон намалување на предрасудите, кои се голема пречка за нормална комуникација помеѓу граѓаните кои припаѓаат на различни држави, етникуми, вери или други припадности. Анализирање, известување и истражување на прекуграничната корупција и организиран криминал е една од клучните столбови на мисијата на БИРС.

Визијата на БИРС се стабилни мултиетнички општства и држави од регионот; зголемена соработка без предрасуди помеѓу граѓаните од различни народи, етникумите, вери, држави итн; нулта корупција и организиран криминал во земјите од Западен Балкан, развиени држави и интегрирани во Европска унија.

Конституенти

Невладини организации и нивни членови, институции, граѓани на РМ.

Наслов

ЗИГЗАГ – до решение за проблемите на граѓаните преку телевизиска дебата меѓу НВО и инстутуциите

За што е потребна акцијата

Невладините организации (НВО) се соочуваат со отсуство на видливост, како еден од главните предуслови за да влијаат врз јавноста со цел плесно да ги достигнуваат поставените цели. Уште повеќе отсуствуваат дебати, особено телевизиски, помеѓу НВО и надлежните институции за проблемите на граѓаните кои тие ги обсервираат. Освен ова, заради јазичните бариери, овие телевизиски дебати често не успеваат да бидат инклузивни за сите етнички заедници кои живеат во РМ со тоа што инстовремено да обезбедат меѓуетничка дебата за истите граѓански проблеми на релација НВО-институции.

Цели и резултати

Цел

Целта на проектот е подигнување на свеста на јавноста за практичните проблеми на граѓаните, кои се дел од работата на невладините организации, а се однесуваат на: транспарентноста, отчетноста, доброто владеење, заштита на животната средина, родовата еднаквост, анти-дискриминација, социјална еднаквост, економски развој, интеграции, толеранција, меѓуетничка соработка, медиумска слобода, борба против говор на омраза итн.

Резултати

  • Воспоставување на директен и јавен дијалог помеѓу НВО и институциите;
  • Поголема видливост на невладините организации;
  • Повисока свест кај граѓаните за практичните проблеми и за работата на невладините организации;
  • Зајакнување на меѓуетничкиот дијалог во невладиониот сектор и поттикнување на идни соработки и вмрежувања;
  • Поголем притисок и лобирање врз институциите за решавање на проблемите кои се артикулираат од страна на невладините организации.

Активности

  1. Еднаш месечно во рамки на дебатната емисија Зигзаг да има специјална емисија, насловена „ЗИГЗАГ – за граѓаните“. Форматот на дебатната емисија претежно ќе биде – еден преставник на надлежната институција, двајца преставници од невладиниот сектор и еден експерт за дадената проблематика или тема;
  2. Секој месец ќе се продуцира по еден документарец, со траење од 7-12 минути, каде ќе се истражува темата која ќе се избере за дебата во емисијата;

Буџет: 400.000 МКД

Времетраење: 5.7.2017 – 4.1.2018
Веб страница