Балкански институт за регионална соработка (БИРС) е невладина и непартиска организација, целосно независна со своето функционирање, со седиште во Тетово.

Визијата на организацијата се изгради на отворен концепт за поттикнување, промоција и афирмација на регионалната соработка во духот на најдобрите европски вредности, во целиот спектар на функционирање на граѓанските организации за вистинито демократско општество. Визијата на БИРС е изградба на слободно, еднакво и толерантно општество која целосно функционира врз демократски принципи.

Мисијата на организацијата е да создава широка рамка на соработка на национално и регионално ниво за промовирање на отворен дијалог, со сите организации и други општествени актери кои се стремат за демократски вредности. БИРС има за мисија поттикнување на граѓански иницијативи во определени области за да ги зајакне суштинските димензии на демократскиот живот, кои се поврзуваат со слободата на медиумите, транспарентноста, доброто владеење и целата рамка на човекови права.

Конституенти

Граѓанските организации, државните институции, локалното население, медиумите.

Наслов

Подигнување на јавната свест за прогласување на Шар Планина за национален парк

За што е потребна акцијата

Шар Планина може да биде спасена од комплетно уништување единствено преку прогласување за национален парк. Последните години сведоци сме на неконтролиран лов, сеча на дрва и градба на објекти кои сериозно го загадуваат пределот. Декларацијата за национален парк веќе долго време се предвидува во урбанистичките планови и оваа иницијатива е стара повеќе од 10 години. Сепак, иницијативата не е влезена во правна постапка со цел да се финализира. Речиси секоја година, на падините на планината се појавуваат нови нелегални објекти кои го доведуваат во прашање целиот екосистем на регионот. На косовската страна, Шар Планина е прогласена за национален парк уште од 1983 година.

Цели и резултати

Цел

Да се зголеми свеста на граѓаните за итноста на прогласувањето на Шар Планина за национален парк.

Резултати

  • Креирање реална слика за масовното уништување на планината и подигнување на свеста
  • Ефективно финализирање на иницијативата од страна на институциите за Шар Планина да стане национален парк.

Активности

  1. Истражувачки документарец.
  2. Видео клипови за подигнување на свеста.
  3. Завршна конференција.

Буџет: 300.000 МКД

Времетраење: 2.7.2018– 15.9.2018