ЗДРУЖЕНИЕ ЗА РАЗВОЈ НА МЕДИУМИ ОНЛИМИТ- МЕДИА СКОПЈЕ
Објавено: 26/05/2016
Вкупен буџет: 2.499.939
Времетраење: 01.6.2016 – 31.3.2018
Он лимит медиа е основана во 2013 година и е една од ретките организации која преку силата на социјалните медиуми промовира слобода на медиуми, истражувачко новинарство и човекови права. Он лимит медиа е независна организација која се залага за отворено, демократско, пермисивно и либерално општество, во кое една од врвните вредности е слободата на јавно изразување, како дел од корпусот човекови слободи и права гарантирани со Уставот и со меѓународните конвенции чија потписничка е Република Македонија.
Визија: Он лимит медиа е организација која ќе служи како модел во процесот на деконтаминација на медиумскиот простор во Македонија, во поглед на нудење извори на непристрасна информација во услови на ограничен партиски контролиран медиумски простор.
Главната кауза на Он лимит медиа е спротивставување на политичкиот и етничкиот паралелизам вметнат во медиумскиот систем. Имено, со сите свои напори се залага за инсталирање на билингвална платформа која ќе пренесува единствена вистина, наспроти вистините кои се секојдневно се произведуваат во зависност од целите на центрите на интерес.
Конституенти
Конституенти на Он лимит медиа се новинари, експерти за медиуми, како и студентите од новинарство и млади професионалци кои се залагаат промовирање на човекови права и активизам преку новинарство.
Претходно искуство/проекти
Он лимит медиа до сега успешно реализираше две сезони на проектот „лајТме“ со 43 посебни едиции, при што „лајТме“ успеа да биде препознаен во јавноста како успешен проект, но истовремено и како нов и автентичен медиумски производ. Сега преку одржување на континуитетот, но и преку додавање на рубриката „лајТме закон“ сигурно успешноста ќе се зголеми, со оглед на тоа дека повторно се работи за автентичен и поинаков начин на третирање на проблемите во општеството, со посебен акцент на законитоста и владеењето на правото.