Вкупен буџет: 2.000.000
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018

Мисија: Мисија на Здружението за развој и активизам „Аква“ од Струга е да придонесе кон локалниот развој, локалната демократија и граѓанскиот активизам во регионот на Струга, Охрид и Вевчани.

Визија: Изградена и развиена локална средина со активни граѓани во која владеат демократски принципи и стандарди на владеење кои го унапредуваат индивидуалниот и колективен развој.

Цели:

  • Зголемување на улогата на граѓанскиот сектор во локалниот развој и областите добро владеење и донесување одлуки;
  • Поддршка и јакнење на младинскиот активизам во локалната заедница;
  • Намалување и контролирање на влијанието на човекот врз животната средина.

Конституенти

Конституентите на здружението се идентификуваат и групираат согласно програмите и вредностите на здружението. Во програмата за Добро владеење, конституенти се поширока група граѓани со различни возрасни групи, етничка припадност, социјална и образовна позадина, односно граѓани кои се засегнати од начинот на владеење, политиките и одлуките на јавните претпријатија, локалните и национални институции и власти. Втората група ја сочинуваат млади од 16-29 години кои се од различна етничка припадност, од урбани и рурални средини, средношколци и студенти. Третата група се граѓани кои се засегнати од се почестите нарушувања на животната средина во интерес на краткорочен и индивидуален профит како и нарушените стандарди и намалената свест за почитување на животна средина.

Претходно искуство/проекти

Здружението за развој и активизам „Аква“ континуирано работи на:

  • Подобрување на вклученоста на граѓанските организации во креирање на јавно мислење, креирање на политики и учество во механизмите на донесување одлуки;
  • Поттикнување и поддржување на младите од средношколска возраст да превземаат иницијативи и активно да партиципираат во општествените случувања на локално ниво;
  • Поттикнување на акција и зголемување на влијанието на граѓанинот врз процесите (изворно креирани за остварување на неговите потреби) со намера да се намали влијанието на политичкиот фактор и зголеми влијанието на факторите за добро владеење.

Фејсбук страница