Како членка на асоцијацијата Европска федерација на банки за храна (ФЕБА), „Храна за сите – банка за храна Македонија – БХМ“ има мисија да се бори против гладот и недостигот од храна во РМ, со цел да придонесе во борбата на државата за намалување на сиромаштијата. Целокупното делување на организацијата е посветено на: создавање синџир од граѓани- волонтери, производители на храна, земјоделци, претставници на прехранбената и кондиторска индустрија, на супермаркетите, со чија што помош и со посредство на надлежните институции, БХМ собира, складира, евидентира и неодложно дистрибуира донирана храна наменета за финансиски немоќните и ранливи категории на граѓани.

Банката за храна е посветена на развивање политики на застапување на социјално загрозените граѓани во остварување на нивното право и основна потреба – храната. Кредото според на организацијата е: „Во коренот на долгорочното и значајно намалување на сиромаштијата лежи задачата за намалување на гладот, бидејќи, сиромаштијата води до глад, кој пак е најсуровата форма на сиромаштија.“

Конституенти

Собрание, надзорен одбор, извршен одбор и претседател, националните и локалните власти, локалните бизнис субјекти со посебен акцент на производителите и дистрибутери на храна и сопствениците на маркетите во Р.М, граѓански организации и секако медиумите.

Претходно искуство

 

Наслов

Храната за гладните, а нé на депонија!

За што е потребна акцијата

Ниту Македонија, ниту која било држава во светот не е толку богата за да дозволи да пропаѓа толку храна покрај гладни луѓе. Илјадници тони храна, која е добра за консумирање, секоја година завршува на депонија. Овошје и зеленчук што стоеле неколку денови, но не се расипани, млеко и месо со нивните преработки, кои се пред истекот на рокот, леб и печива, слатки, и друга пакувана храна секојдневно се исфрлаат од македонските маркети и ресторани. Многу мал дел од тие количини завршуваат кај сиромашните луѓе. Значаен и организиран систем нема, а секоја активност на хуманитарните организации се сведува на повремени акции, кога ќе се соберат доволни количини да им бидат распределени на оние кои имаат потреба од храната.

Цели и резултати

Цел

Споделување на искуството од Франција за подигање на јавната свест кај сите чинители за темите: одржливо менаџирање со храна, редуцирање на отпадот од храна, донирање на вишоците храна, како и потребата од граѓанско учество во процесите за намалување на сиромаштијата.

Резултати

  1. Споделено искуството на Франција (донесување на посебен Закон за донирање на храна од супер маркетите)
  2. Реализирани средби на „Коалицијата за борба против гладот“ со сопствениците и менаџерите на маркетите во за да обезбедат првични информации за количините фрлена храна и евентуалната согласност за донација на истата;
  3. Зајакнување на работата и учеството на „Коалицијата за борба против гладот“ на локално ниво;
  4. Изработен промотивен материјал и прашалник за обезбедување релевантни податоци за храната која се фрла или уништува;
  5. Изработена брошура за пристапот и начинот на реализација за нефрлање на храната;
  6. Подготовка за изработка на нацрт / предлог Закон и во Македонија, пандан на Францускиот.

Активности

  1. „Кик-оф“ средба со соработниците од „Коалицијата за борба против гладот“;
  2. Изготвување, печатење и распространување на промотивниот материјал со пораката на кампањата и прашалникот;
  3. Квантитативно и квалитативно истражување; обработка на собраните податоци потребни за кратката Анализа;
  4. Реализација на три еднодневни тркалезна маси во Скопје, Струмица и Битола, со претставниците од Франција (г. Араш Дерамбараш)
  5. Завршна конференција за планирање на последователните активности на партнерите на мрежата во правец на подготовка на нацрт – предлог Закон пандан на Францускиот.

Буџет

399.570 МКД