ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ИСТРАЖУВАЊА, АНАЛИЗИ И РАЗВОЈ ЗЕЛЕНА ЛУПА СКОПЈЕ
Објавено: 02/03/2016
Здружение за истражувања, анализи и развој ЗЕЛЕНА ЛУПА Скопје е здружение во кое што по доброволна основа се здружуваат и членуваат граѓани кои имаат интерес за состојбите во институциите, функционирањето на правото, истражување на злоупотреби на законите, и нудење на соодветни применливи решенија со цел подобрување на животот во државата. Организацијата во најголем степен е насочена на следење на состојбите поврзани со владеење на правото во Република Македонија. Земајќи ја во предвид нарушената доверба во судството и правосудниот систем од страна на граѓаните заради настанатата состојба, Здружението се залага и се бориме за исправање на неправдите, преку конкретни мерки. Нормализирање на состојбата и враќање на довербата во правосудниот систем, независни правосудни органи кои работат согласно законите и се имуни на притисоци, за секој граѓанин да чувствува сигурност во системот и да верува во правдата и владеење на правото и правда преку правични судски постапки се главните столбови на мисијата на Зелена лупа.
Конституенти
Наслов
АЈДЕ ДА СПАСИМЕ СУДБИНИ
За што е потребна акцијата
Во моментов се случуваат обиди за помирување во општеството поврзани со длабоката политичка криза. Не е возможно помирување преку аболиции или неизрекување на притвори за лица кои се дел од власта, додека во исто време, за многу помали и помал број на кривични дела, граѓани се во притвор со месеци и години. Оваа акција ќе прати сериозна порака до судската власт, доколку сака да ги омекне критериумите за изрекување притвор, треба да почне од обичните луѓе. Притворените лица целосно се немоќни сами да ги остварат своите права, и покрај тоа што нивните адвокати имаат поднесено десетици жалби и молби да бидат пуштени барем во домашен притвор. Сега е моментот, преку оваа акција да се прати порака на помирување, а промената на критериумите да започне од обичните граѓани, а со тоа ќе се случи силен ефект во општеството и подобрување на довербата во судовите.
Цели и резултати
Цел
Општата цел на акцијата е да даде придонес за подобрување на правосудниот систем во однос на притворите, но и да се подобри довербата во судовите доколку акцијата успее. Ќе биде привлечено вниманието на домашната но и на меѓународната јавност, а со тоа ќе почне да се размислува за подобрување на системот. Преку отварање на оваа тема ќе се повлијае за подобрување на еден важен елемент во владеењето на правото кој што е предмет на постојана критика.
Специфичната цел е што преку истражувањето во оваа акција за прв пат ќе биде изготвена и јавно достапна статистичка табела за притворите – за 15 години наназад. Со тоа граѓанскиот сектор и јавноста ќе имаат алатка преку која ќе можат да влијаат за подобрување на состојбата и тоа ВЕДНАШ!.
Директен резултат:
- Ослободување на голем број на притворени лица, преку замена на мерката со домашен притвор или друга поблага мерка.
Индиректни резултати:
- Намалување на омразата и тензиите во општеството
- Силна порака до општеството дека е возможно помирување, дека судовите се коригираат и имаат капацитет и интегритет за подобрување на системот
- Силна порака до судовите дека треба под итно да го сменат односот кон мерката притвор (преку јавно објавување на конкретните табели и статистики поврзани со притворите)
- Остварување на правата на осомничените да бидат конструктивни и активни учесници во судските процеси без траумата од долготрајно издржување на мерката притвор
- Спас од социјален колапс на голем број на семејства
- Подобрување на рејтингот на државата и подобри оценки од меѓународната заедница. (Ланскиот извештај на ЕК за оваа област во правосудството посочи дека „условното ослободување, алтернативните санкции и бранењето од слобода се уште не се употребуваат доволно“, и потсети дека „Службата за условни казни се уште не е формирана“). Јавен притисок за побрзо исполнување на овие проблеми нотирани во извештајот, но и за забрзување на евроинтеграцијата на Република Македонија.
- Демократизација и подигање на јавната свест во делот владеење на правото
- Праќање на порака дека маргинализираните и обесправените граѓани не се сами и дека граѓанскиот сектор е заштитник на демократијата и владеењето на правото.
Активности
- Подготвителна фаза за акцијата
- Одржување на настан – повик за вклучување во акцијата
- Формирање и работа на експертски совет
- Изготвување и објавување на статистичка табела за притворените лица
- Акција за прибирање на документација за злоупотребите на притворот
- Подготовки и одржување за седници на Eкспертски совет
- Акција, подготовка и одржување на пресконференција и врачување на барањата до судот
- Подготовка, организирање и одржување на завршна конференција
- Дистрибуција на наодите од извештаите заедно со предлог решенијата и резултатите од акцијата.
Буџет
389.700 МКД