ЗДРУЖЕНИЕ ТРАНСПАРЕНСИ ИНТЕРНЕШНЛ-МАКЕДОНИЈА
Објавено: 16/10/2015
Вкупен буџет: 1.985.720
Времетраење: 01.7.2016 – 31.12.2017
Главна цел на програмата за работа на здружението „Транспаренси Интернешнл – Македонија“ е да се воспостави систем на добро владеење за ефикасна превенција за борба против корупцијата.
Визија: Држава во која владата, политиката, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето се без корупција.
Вредности: Транспарентност, одговорност, солидарност, смелост, правичност, демократија и интегритет.
Конституенти
Конституенти ќе бидат сите физички лица заинтересирани да бидат дел од мрежата.
Претходно искуство
- Мониторинг на трошењата од буџетите и политичките партии во предизборниот и изборниот период
- Заштита на пријавувачите вклучувајќи ги медиумите и граѓанското општество
- Центар за застапување и правни совети – АЛАК.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Сите заедно по патот до правда
За што е потребна акцијата
Првиот проблем се однесува на фактот дека не постои никаква организирана форма на делување на осудените лица кои се убедени дека се невини и оштетени од системот. Вториот проблем е просторниот фактор односно локација, каде би можеле да се обратат за да добијат независно стручно мислење за темата за која тие чувствуваат дека се обесправени од страна на судовите и дека им е нанесена неправда. Таа потреба е голема, се работи за чувство на длабоко незадоволство произлезено од неправда која што му одзела на граѓанинот години од неговиот животот, и исто така влијаела негативно врз неговото семејство. Третиот проблем е што не постои никаква иницијатива за барање на системско решение за надминување на проблемите во врска со изречени судски пресуди за кои осудените се длабоко убедени дека се невини и оштетени од системот. Не постои никаква организирана иницијатива преку која би се правеле стручни анализи на системските недостатоци, и барање на решенија за нивно надминување за во иднина да не се повторуваат такви неправди.
Цели и резултати
Општа цел – е да даде придонес кон подигањето на јавната свест во државата за реформа на правосудниот систем и за потребата од правични судски процеси без дискриминација (политичка, етничка, родова, сексуална итн.).
Специфична цел – е прибирање и анализа на конкретни правосилни судски пресуди во периодот (2007-2016) преку вмрежување на засегната целна група на граѓани.
Резултати
- Формирана мрежа
- Подготвени стручни анализи на спорни предмети ( избрани 12 предмети)
- Подготвена анализа на состојбите
- Поттикнат граѓански активизам.
Активности
- Вмрежување – Промоција на проектот и повик приклучување во мрежата
- Стручен експертски совет – Формирање на управен одбор (во понатамошниот текст- експертски совет) кој ќе го сочинуваат четири експерти кои ќе одлучуваат по кој критериуми ќе се избираат предметите и според која методологија ќе се изработуваат анализите
- Утврдување од потребата за законски измени – организирање на работилница на која ќе се разгледуваат наодите од извештаите и ќе се креираат заклучоци и препораки за можни законски измени; организирање на завршна конференција на која ќе бидат презентирани наодите
- Граѓанска акција – граѓаните иницираат подобрување на правосудниот систем „Заедно до патот до правдата“; подготовка, печатење и дистрибуција на финална публикација.