Здружение на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Република Македонија – ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Објавено: 02/03/2016
Мотивот за формирање на оваа организација е неможноста на лицата со епилепсија и родителите на децата со епилепсија да се вклопат во општеството, и големата дискриминација врз овие лица.
Целите на ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА се: Подобрување на квалитетот на животот, на луѓето со епилепсија и нивните семејства; Зголемување на јавната и професионалната свест за епилепсија како нарушување на мозокот кое може да се лекува; Промовирање на јавното и професионално образование за епилепсијата; Идентификување на потребите на луѓето со епилепсија на национално и регионално ниво; Поттикнување на институциите да одговорат на потребите на луѓето со епилепсија вклучувајќи свест,образование, дијагноза, третман, грижа, услуги и превенција.
Мисијата на ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА е информирање на оваа група граѓани од областа на здравствената заштита. Заштита на лицата со епилепсија и родителите на децата со епилепсија. Намалување на дискриминацијата врз лицата со епилепсија.
Визијата на ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА е: Заедно да ги намалиме предрасудите за лицата со епилепсија,и да им се помогне на оние лица каде е потребна помош. Намалувајќи ја дискриминацијата да овозможиме рамноправност на поголемиот дел од лицата со епилепсија, односно на оние лица кои имаат контролирани напади.
Конституенти
Лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија.
Наслов
ВИОЛЕТОВ ДЕН
За што е потребна акцијата
Главен проблем на лицата со епилепсија е дискриминацијата врз нив. Тоа се должи на недоволната едукација за овај тип на нарушување. Тоа повлекува низа други проблеми како што се: невработеност, брачни проблеми, неприфатеност во општеството, што од друга страна ја прави епилепсијата покрај медицински, и социјален проблем. А факт е дека поголем дел од лицата со епилепсија можат значително да бидат продуктивни ( на пр. Александар Македонски, Достоевски, Цезар, Наполеон, Пртагора, Њутан, Аристотел, Ван Гог, Да Винчи, Микеланџело и многу други исто така имале епилепсија). Бројката на лица со епилепсија во Македонија е повеќе од 20000, и до сега никој воопшто не го кренал гласот за овие лица, што значи постојат но никој не знае за нив ( барем јавно не се зборува за тоа). Акцијата е итена затоа што датумот е однапред утврден, и од 2008 година се одбележува во повеќе од 100 земји на 26 Март секоја година.
Цели и резултати
Цел
Зголемена видливост и потенцирање на лицата со епилепсија како маргинализирана група, но и лица кои во голема мера можат да бидат продуктивни; Подобрување на свеста за епилепсијата и охрабрување на лицата со епилепсија јавно да проговорат за епилепсијата; Согледување на потребите на лицата со епилепсија, нивно сервисирање и интервенција кај институциите да одговорат на потребите на овие лица. Давање на поддршка на лицата со епилепсија, да се почувствуваат дека некој мисли на нив, и дека ја имаат поддршката.
Резултати
Како резултат на оваа акција ќе се подобри свеста за епилепсијата, овие лица ќе можат да бидат правилно инклузирани, исто така ќе бидат детектирани реалните потреби и проблеми со кои се соочуваат овие лица. Главна придобивка од оваа акција е намалување на дискриминацијата врз овие лица.
Активности
- Подготовки
- Радио реклама (едукативна кратка реклама)
- Креирање и печатење на едукативен материјал ( постери и брошури)
- Настан „Виолетов ден“ (Група на луѓе облечени во виолетово ќе ја искажат поддршката кон лицата со епилепсија. Овoј настан ќе биде збогатен и со музичка програма. Исто така на присутните ќе им биде презентирано што е епилепсијата, и зошто не треба лицата со епилепсија да се дрискриминираат, ќе бидат поделени едукативни материјали, флаери и брошури) Евалуација на целокупната активност
Буџет
45.000,00 МКД