Вкупен буџет: 1.884.690
Времетраење: 01.7.2016 – 31.12.2017

Мисијата на ЦКП е да ја штити животната средина (ЖС) и да имплементира активности за борба со климатските промени, со цел подобрување на ЖС.

Главните цели се насочени кон поддршка на индустријата со цел подобрување на нивните енергетски перформанси и перформансите во ЖС, подигнување на јавната свест, предложување на мерки за подобрување/промена на законската рамка, зајакнување на капацитетите на ЕЛС, промовирање и поддршка на заштита и управување со ЖС и сл.

Визијата на ЦКП е насочена кон намалување на јаглеродниот диоксид и креирање на општество одговорно кон ЖС. За да го постигне тоа, ЦКП ги насочува своите активности кон индустриска енергетска ефикасност, интегрирано спречување и контрола на загадувањето, управување со отпад, намалување и ублажување на климатските промени, управување со ЖС и енергетски менаџмент. Досега реализирани се низа проекти преку кои се постигнати значајни резултати за заштита на ЖС.

Конституенти

Во изминатите осум години ЦКП има остварено одлична соработка со многу експерти од различни области, здруженија на граѓани, министерства, ЕЛС, научни установи и истите се партнери во голем број заеднички проекти.

Претходно искуство

  • Е-отпад создава можности
  • Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион на Македонија и Бугарија
  • Интегрирано спречување и контрола на загадувањето во Македонија (ИСКЗ МК).

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина

За што е потребна акцијата

Еден од основните проблеми е недоволно познавање на самиот процес на учество на јавноста во донесувањето на одлуки од областа на животната средина, односно не познавање на законската регулатива и одговорностите кои ги имаат ЕЛС и секој граѓанин вклучувајќи ги и граѓанските организации. Интеракцијата помеѓу ЕЛС и граѓанското општество е сведена на минимум и со тоа можностите да се поправат определени грешки, како и да се дојде до нови иновативни решенија се сведени на минимум. Поради тоа, потребно е да се зголеми интеракцијата помеѓу граѓаните, граѓанските организации и ЕЛС. Запознавање со законските обврски и надлежности на таргет групите, влијанието врз интеракцијата односно активното учество на граѓанските организации при донесување на значајни и круцијални одлуки од областа на животната средина се дел од потребите на целните групи.

Цели и резултати

Општа цел – Зголемена вклученост на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина на локално ниво.

Специфична цел – Подобрена соработка на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа на полето на донесување одлуки од областа на животна средина на локално ниво.

Резултати

  • Зголемена вклученост на ГО во процесот на донесување одлуки и заедничко решавање на проблемите за животна средина на локално ниво
  • Вмрежување со цел успешно донесување одлуки од областа на животната средина
  • Подигнување на свеста кај граѓанско општество со цел промоција на општествените промени.

Активности

  1. Студија за актуелната состојба на вклученост на јавноста во процесот на донесување на одлуки за животна средина на локално ниво
  2. Тренинг за ГО со цел подигнување на јавна свест за потребата од нивно активно вклучување во процесот на донесување на одлуки
  3. Тренинг за ЕЛС со цел активно вклучување на ГО во процесот на донесување на одлуките
  4. Изработка на акциски планови за ЕЛС за вклучување на јавноста
  5. Заеднички активности за подигнување на јавна свест за организирање на национални или локални општествени иницијативи

Веб страница