ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ „ЦЕНТАР ЗА ЕДУКАЦИЈА И РАЗВОЈ“
Објавено: 16/10/2015
Вкупен буџет: 1.797.911
Времетраење: 01.7.2016 – 30.6.2017
ЦЕД е основана во 2006 година, во Теарце, со цел поттикнување на критично мислење и развој на младите, преку неформална едукација и волонтерство. Како организација се залагаат за инвестирање во развојот на младите со цел тие да се поттикнат за креативни иницијативи и соработка помеѓу националностите кои живеат во регионот. Во ЦЕД веруваат дека младите имаат знаења, вештини и ставови и превземаат иницијативи за градење на здрава и развиена средина и соживот помеѓу сите негови граѓани.
Конституенти
Младите од 12-28 годишна возраст; државните институции (општини, училишта, универзитети, владини институции); други граѓански организации; неформални групи (месни заедници, ловечки друштва, верски одбори, младински совети, активисти и други форми на неформално дејствување); бизнис сектор.
Претходно искуство
- Инклузија на етничките заедници на локално ниво
- Буџетска транспарентност
- Изготвување на локална стратегија за управување со климатски промени.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Вмрежување и застапување на месните и урбаните заедници
За што е потребна акцијата
Месните заедници како форма на локално организирање на населението и како начин за решавање на локалните проблеми функционираат повеќе од 100 години. За жал во последните неколку години сè побројни се обидите за уништување на оваа форма на локално граѓанско здружување и самоорганизирање. Клучен проблем е недостаток на правен статус, со тоа што тие немаат, но ниту можат да располагаат со финансиски средства, што е клучно за нивно функционирање. Немаат печат, жиро сметка и никој не ги препознава како правни субјекти. Тие не можат да аплицираат во јавни повици кај домашни и странски донатори со што се намалува нивната функционалност. Со спроведувањето на овој проект преку вмрежување на месните и урбаните заедници, ќе се унапреди процесот на децентрализација, ќе се подигне квалитетот на животот на граѓаните и функционалноста на месната самоуправа.
Цели и резултати
Општа цел – Унапредување на процесот на децентрализација со вмрежување и застапување на месните и урбаните заедници
Специфична цел – Зајакнување на функционалноста и соработката преку вмрежување на месните и урбаните заедници по урнек на Мрежи на здруженија на граѓани.
Резултати
- Посетени и запознаени луѓе со идејата на проектот во 20 најголеми градови/општини во РМ
- Основани здруженија на месни и урбани заедници на ниво на општина
- Основани мрежи на здруженија на ниво на регион
- Основана Мрежа на месни и урбани заедници на национално ниво
- Запознаени претставниците на Мрежите со правата, обврските и можностите кои произлегуваат од основање на здруженија – мрежи.
Активности
- Мапирање на потенцијалните М/У заедници и презентација на проектот во 20 најголеми градови/општини во РМ (Р1)
- Основање на здруженија на М/У заедници и регистрирање на истите на ниво на општини (Р2)
- Основање на мрежи на здруженија на ниво на региони (Р3)
- Основање на мрежа на месни и урбани заедници на национално ниво (Р4)
- Организирање на четири дводневни работилници за сите плански региони за запознавање на правата, обврските и можностите кои произлегуваат од основање на здруженија – мрежи. (Р5)