Вкупен буџет: 3.001.787
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018

Главната мотивација за основање на ЕД Планетум беше желбата за здрава животна средина, како и воспоставување на рамнотежа во животната средина и едукацијата на населението за улогата на здравата животна средина во нивните животи. Мотивацијата е преточена во визијата, мисијата и целите на организацијата.

Визија: ЕД Планетум е број еден еколошка самоодржлива организација во Македонија и регионот со формирано свое еко-социјално претпријатие, со 20 постојано вработени лица кои се специјализирани за решавање на различни проблеми од областа на заштита и унапредување на животната средина. Планетум има значајна улога во заедницата при градењето нови лидерски капацитети и располага со свои канцеларии, магацини, опрема, возила, машини, земја- расадник и едукативен Еко и туристички центар.

Мисија: Заштита и унапредување на животната средина преку решавање на прашања и проблеми поврзани со отпадот, развојот на алтернативниот туризам и урбаниот развој.

Конституенти

Бидејќи делува во област од која корист имаат сите граѓани, нивните конституенти се општата популација и истите во ЕД Планетум можат да се јават во различни улоги: корисници, членови, волонтери, индивидуални донатори и др. ЕД Планетум е организација од отворен карактер и конституентите се разновидни во однос на поголем број социо- демографски карактеристики како што се: географски, социо-економски, род, етничко потекло, возраст и др.

Претходно искуство/проекти

Во досегашното свое постоење ЕД Планетум има имплементирано голем број на проекти кој во поголем процент се поврзани со управувањето со отпад. Повеќето од проектите кои беа реализирани, содржеа истражувања и анализи за одделни видови на отпад со цел да се добијат квалитативни и квантитативни податоци од областа на отпадот и управувањето со истиот. Важна компонента е и едукацијата на различни целни групи за создавањето на отпадот, влијанието што го има отпадот врз животната средина, и начинот на превенција од негативните ефекти што ги создава отпадот и начинот на негово управување. Исто така, ЕД Планетум со цел развивање модел за управување со отпад од пакување, а воедно и обезбедување на одржливост на организацијата, преку повеќе проекти обезбеди одредена инфраструктура за управување со отпад и постепено се движи кон создавање на свое Еко- социјално претпријатие.

Покрај тоа ЕД Планетум во соработка со повеќе НВО-и, месни заедници, институции работи на подобрување на урбаниот и рурален развој на о. Струмица преку уредување на повеќе јавни површини и изградба на места за игра и релаксација во урбани и рурални средини во о. Струмица. Во последните неколку години во соработка со ЕВН Македонија и повеќе НВО-и од Р.Македонија ЕД Планетум преку одржување на работилници врши континуирана едукација за разумно користење на електричната енергија во сите основни училишта во Југоисточниот и дел од Источниот дел на Р.Македонија.

Фејсбук страница