Здружението за развој и активно делување и поттикнување  на граѓанскиот сектор „За нас се работи“ од Битола е самостојна доброволна организација, основана заради детектирање на секој општествен проблем на локално ниво кој во исто време се однесува и ќе се однесува  на секој поединец и поттикнува на изнаоѓање на соодветни решенија кои ги тангираат граѓаните согласно сите нормативи за функционирање на локалната самоуправа и граѓанинот во неа, што ја претставува и нивната мисија.

Визијата на Здружението е Битола да биде просперитетна, зелен град на здрави и среќни жители, со развиен туристички, културен и спортски живот, град со високо развиена инфраструктура и одржлив развој, универзитетски град на едуцирани и високо свесни жители меѓу кои владее хармонија и меѓусебно разбирање, град на луѓе кои живеат во слободно, мирно и демократско општество, ослободени од секаква форма на страв, закани и дискриминација. Мисијата на „За нас се работи“ е  да делува преку информирање, едукација и граѓански активизам со цел транспарентно и отчетно работење на сите чинители на јавните политики во Општина Битола, преку поттикнување и работење на одржлив развој и активно учество во креирањето на јавните политики и донесувањето одлуки кои ги засегаат граѓаните.

Конституенти:

Граѓаните од сите етнички заедници на Република Македонија, со акцент на институциите од областа на културата, невладините организации, медиумите и политички чинители од сите политички партии во РМ.

Наслов

Поттикнување на младинското учество во изборните процеси

За што е потребна акцијата

Во Македонија младите се една голема маргинализирана група, која во голема мера е надвор од политичата зрелост, пред се заради недостатокот на едукација на тој план, особено во поглед на низните права и обврски како политички субјекти. Дури и оние кои не припаѓаат на оваа погоре спомената и политички незрела група и навистина сакаат да придонесат во развој и демократизација на оопштеството, треба да се борат за позициите кои во секоја европска демократска држава, наједноставно речено, им следуваат. На прагот на политичката зрелост и во периодот на стекнување со гласачкото право, секој млад човек најнапред си ги поставува следните прашања: Како да изградам сопствено мислење? Како да донесам одлука, кого да заокружам на гласачкото ливче? Кому да се обратам за да му го кажам моето мислење за одредени промени? Со одговор на овие прашања треба да се занимаваат пред се образовните институции во земјава, кои преку образовниот и воспитен процес, треба да создадат политички писмени и активни млади луѓе.

Цели и резултати

Цел

Главната цел на оваа акција ќе биде едукација на младите луѓе преку нивно целосно запознавање со правата и одговорностите при изборниот процес, важноста за учество во истиот, како и активно партиципирање во понатамошните, пост-изборни општествено-демократски процеси.

Резултати

  • Информирани и едуцирани 500 млади луѓе, кои за прв пат се стекнуваат со право на глас.
  • Издавање на прирачник на тема „Политичка зрелост“ во 500 примероци со наслов „Изборна лектира“
  • Промотивен поттикнувачки видео материјал

Активности

  1. Организирање на 12 работилници (по 6 пред двата изборни циклуси – парламентарни и локални) со младите од 6-те средни училишта од општината и универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола
  2. Организирање средби и состаноци со надлежните од средните и високите образовни институции во општината
  3. Изработка и дистрибуција на 4000 информативни флаери
  4. Изработка и обработка на 500 анкетни прашалници
  5. Подготовка и дистрибуција на 500 примероци од прирачникот насловен како „Изборна лектира“
  6. Изработка и дистрибуирање на кратко промотивно видео

Временска рамка: 1.12.2016 – 31.05.2017

Буџет: 310.000 МКД

Веб страница