Вкупен буџет: 1.921.129
Времетраење: 01.7.2016 – 31.12.2017

Центарот за современи уметности – Скопје (ЦСУ) работи посветено на создавање услови за автентична и необременета културна и уметничка продукција и зајакнување на капацитетите на креативна културна продукција во Македонија, при што ги промовира и целосно ги почитува културните разлики. ЦСУ ги оспособува уметниците и операторите во областа на културата да иницираат промени; промовира општо добро и развој на заедницата, преку лидерство, зајакнување и мобилизирање на независниот сектор. Исто така ЦСУ овозможува креирање предуслови за слободата на уметничкото и културно изразување, анимација на културниот живот, поддршка на независната културна продукција, надминување на етничките и културните предрасуди, децентрализација на културата пропратена со инклузија на заедниците во општеството и давање активен придонес кон севкупниот развој на културниот и општествениот живот во Македонија и регионот.

Конституенти

Уметници и архитекти од помладите генерации кои се залагаат за „хуманизација“ на јавниот простор , граѓанските активисти, НВО-а и граѓани.

Претходно искуство

  • Мобилна култура солидарни граѓани
  • Урбани уметнички акции
  • Фото глас.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Урбани уметнички акции

За што е потребна акцијата

Она што при анализирањето на состојбите за реакции на јавноста по проблемите од досегашното искуство сме го заклучиле е следното: 1. Најчесто се реагира по проблеми претставени на јавноста од мала група луѓе (малобројно но цврсто јадро ) а дури подоцна темата се препознава и настапува поширока мобилизација. 2. По препознавањето на проблемот клучна улога во понатамошниот развој имале медиумите и креативноста ангажирана по проблемот. 3. во голем број случаи оние кои го препознале и оствариле првична комуникација (урбана акција, дело, активистичка иницијатива) на проблемот не нужно продолжиле да се борат за негово решавање, а иницијативите ги превземале други граѓани силно засегнати од проблемот. 4. Над 70% од проблемите (особено во делот на локалната инфраструктура) се решаваат од страна на надлежните кога истите ќе станат тема на националните медиуми и жешка вест на социјалните мрежи).

Цели и резултати

Општа цел – Креирање и канализирање на граѓанскиот притисок преку употреба на уметнички и граѓански/активистички средства и тактики, иницирање уметнички интервенции по локалните проблеми, проблеми со кои се соочува граѓанскиот сектор (вклучително и грантистите на Цивика мобилитас доколку има интерес) и придонес кон нивно решавање преку зголемувањето на нивната видливост.

Специфична цел

Зближување, солидаризирање и заедничко делување помеѓу уметниците, архитектите, граѓанските активисти, невладиниот сектор и граѓаните преку комбинирана употреба на уметнички и граѓански/активистички средства и тактики кои ќе придонесат кон зголемување на видливоста на проблемите (јавен простор, јавна сфера, состојби во општеството, проблеми на локално/општинско/градско ниво) и ќе вршат притисок во јавноста за нивно решавање.

Резултати

  • Создадена рамка за здружен настап за креирање по хуман и поквалитетен јавен и урбан простор помеѓу уметниците, архитектите активистите и НВО-ата
  • Развиени креативни практики кои ја зајакнуваат самодовербата на граѓаните и граѓанските организации самите да се охрабрат да бараат решенија за своите проблеми на креативен начин
  • Креирани нови видливи креативни и едноставни форми на граѓански притисок врз институциите
  • Промоција на уметноста, солидарноста, вклученоста, активизмот и самопомошта како алатка за креирање подобри услови за живот
  • Јакнење и враќање на изгубената самодоверба на граѓаните и граѓанските организации и правење на борбата за подобро општество повидлива и поинтересна.

Активности

  1.  15-20 акции за обележување на (реагирање по) проблемите (изработка на скулптурни решенија, цртање графити, насликување, поставување занимливи табли и сл., директно (на) или непосредно покрај детектираните проблеми)
  2.  5-10 интервенции во насока на поддршка на проблемите на граѓанскиот сектор и граѓанските иницијативи (акции насочени кон давање поддршка и видливост на проблемите со кои се бават граѓанските организации или неформалните граѓански иницијативи)
  3.  Дводневна работилница/состанок на почетокот на проектот за заедничко детектирање на проблемите и осмислување на првите 10 акции
  4.  Организација на пет еднодневни работилници за креативно решавање на проблемите
  5.  Завршна изложба на видеа и фотографии од акциите.

Веб страница