Унија на еколози Натура (УЕ Натура)
Објавено: 16/10/2015
Вкупен буџет: 1.614.927
Времетраење: 01.8.2015 – 31.7.2016
Натура е еколошка организација формирана во 1995 година и до денес има спроведено голем број на проекти од областа на заштита на животната средина со посебен акцент на подигањето на граѓанската свест.
Целите на Натура се:
- Заштита на животната средина;
- Едукација на младите за животната средина;
- Зачувување на биодиверзитетот;
- Развој на еко туризмот.
Од основањето до денес организацијата успеа да привлече голем број на истомисленици и сега брои 500 членови, експерти од различни области на животната средина, но и млади, студенти и средношколци.
Конституенти
Граѓаните, младите екологисти, средношколците и студентите, донаторите и соработниците.
Претходно искуство
- Оставете трага (ИПА)
- Подигање на јавната свест при спроведувањето на ЛЕАП (Влада на РМ)
- Развој на селскиот и планинскиот туризам во Јабланица (Министерсво за економија)
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
„Мониторинг на процесот на издавање на Б интегрирана дозвола“
За што е потребна акцијата
Проектот ќе послужи за формирање на реална слика за начинот на кој се издава Б интегрирана дозвола, но ќе има за цел и да ги запознае граѓаните за важноста на оваа дозвола и зошто секој треба да ја поседува.
Цели и резултати
Општа цел – Подобрување на здравјето на луѓето преку зголемување на ефикасноста на примената на стандардите за заштита на животната средина во општините Тетово и Струга.
Специфична цел – Подигање на свеста кај средните компании за значењето на Б интегрирана еколошка дозвола.
Резултати:
- ¾ од постоечките компании во општините Тетово и Струга поседуваат Б интегрирана дозвола;
- Подигната свеста кај повеќе од 20 000 граѓани запознаени со важноста на оваа дозвола и со придобивките од неа;
- Создаден модел преку кој ½ од општините во Македонија ќе успеат ефикасно да ја спроведат постапката за издавање на Б интегрирана дозвола;
- Намалено загадувањето на животната средина во општините Тетово и Струга;
- Тренирани 20 претставници на општинската администрација и претставници на компаниите.
Активности
- Мониторинг на процесот на донесување на одлуки;
- Јавна кампања за промовирање на потребата од Б интегрирана дозвола;
- Тренинг за вработените;
- Издавање на прирачник.
Буџет
1.614.928 МКД