„Цивил – Центар за слобода“ е непрофитно и невладино национално граѓанско здружение, активно во полето на човековите права, мирот и контролата на оружје, основано на 25 ноември 1999 год. Неформално, организацијата е активна од 1996 год. Организацијата спроведува изборен мониторинг од 2008 година, воведувајќи нови, високо ефективни методологии на набљудување и граѓанска едукација за гласачкото право.

Во потрага по својата визија, мисијата на Цивил е активно промовирање и одбрана на човековите права и слободи; одржлив мир и придонес кон процесите на помирување;  креирање планови за ефективна контрола на оружје;  социјална правда и слобода на говор.

Цивил е активен на регионално и меѓународно ниво и има спроведено над 100 проекти, вклучувајќи и бројни кампањи за јакнење на јавната свест на национално ниво, масовни јавни настани, итн. Организацијата ужива голема видливост и доверба од сите заедници во земјата. Позната е по своите уникатни и сеопфатни методи.

Конституенти

Сите граѓани на Република Македонија.

Наслов

Патриотизам – ДА, национализам – НЕ!

За што е потребна акцијата

Клучно прашање со кое ќе се занимава проектот е фактот дека национализмот има уништувачки ефект врз интегративните процеси и врз целата земја воопшто. Проектот се спроведува во извонредно важен и деликатен момент за земјата, со оглед на фактот дека во тек е засилен процес на решавање на спорот со името, како и крупни чекори во поглед на ЕУ и НАТО интеграциите.

Цели и резултати

Цел

Целта на проектот е да се објасни разликата меѓу патриотизмот и национализмот и да се прикажат придобивките и последиците од национализмот, со што ќе се придонесе кон зајакнување на соживотот, подобрување на односите со соседите и кон забрзување на евро-атлантските интегративни процеси на Македонија.

 

Резултати

Со овој проект во кој ќе има 120 содржини и активности, Цивил јасно ќе ја прикаже разликата меѓу патриотизмот и национализмот. Граѓанките и граѓаните ќе добијат уникатна можност да проследат и да бидат дел од јавен дијалог, ќе се едуцираат и ќе им се даде можност да придонесат кон надминување на последиците од национализмот.

Активности

  1. Граѓанките и граѓаните говорат;
  2. Интервјуа со јавни личности, експерти и претставници на граѓанското општество;
  3. Мислења, ставови и анализи;
  4. Односи со јавноста;
  5. Јавна презентација и дискусија „Патриотизам – да, национализам – не!“.

Буџет: 400.000 МКД

Времетраење: 1.7.2018– 30.9.2018