Ц.Р.З. „ДРОМ“ како невладина и непрофитна организација е формирана во 1997 год. на иницијатива на млади ромски интелектуалци поттикнати од проблематиката на ромската популација што трае со векови.

Визија на организацијата е општ напредок на Ромите, подигната свест и интеграција во општеството преку нивно зајакнување и претставување како рамноправни граѓани во Р. Македонија и надвор од неа.

ДРОМ своите клучни приоритети ги става во две категории: добро владеење и човекови права.

Конституенти

Целната група на проектот се сите граѓани на Општина Куманово со фокус на ранливите групи на граѓани: лица со попреченост, невработени лица помали од 35 години и лица од социјално загрозени семејства.

Наслов

Престани да бараш работа, вработи се !

За што е потребна акцијата

Преку апликацијата „Solenet DROM“, компаниите кои имаат потреба од нови вработувања полесно ќе можат да стапат во контакт со барателите на работа и обратно, бидејќи самата апликација ќе нуди можност за пребарување. Апликацијата ќе претставува поврзување помеѓу работодавачите и лицата што бараат работа. Истата ќе биде од голема важност за Куманово и ќе придонесе кон задоволување на понудата и побарувачката на пазарот на трудот.

Цели и резултати

Цел

Зголемена вработливост на сите граѓани на Куманово со фокус на ранливите групи на граѓани: лица со попреченост, невработени лица помлади од 35 години и лица од социјално загрозени семејства и нивно вклучување на пазарот на трудот преку советување и поврзување со компании даватели на работа во Куманово.

Резултати

  • Развиена меѓусекторска соработка
  • Промоција на апликација „Solenet DROM“
  • Формирана база од корисници на апликацијата

Активности

  1. Остварување на соработка помеѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) и Ц.Р.З ,,Дром“ Куманово;
  2. Воспоставување на соработка со фирми;
  3. Насочување на лица од целната група од страна на АВРМ во просториите на ЦРЗ „ДРОМ“ за нивно полесно интегрирање на пазарот на трудот;
  4. Кариерно советување на лица баратели на работа припадници на целната група и поврзување со компании даватели на работа;
  5. Промоција на апликацијата на локални компании и нивно вклучување во истата.

 

Буџет: 399.500 МКД

Времетраење: 2.7.2018– 15.9.2018