ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА МЕДИУМИ
Објавено: 24/08/2018
Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) е основан во 2002 година, од група правници и новинари, чија основна мотивација беше да дадат придонес кон уредување на медиумскиот систем, преку предлагање и промоција на медиумски политики што ќе водат кон воспоставување и раст на вистински отворен, демократски и плуралистички медиумски систем.
Визијата на ЦРМ е слободен, плуралистички и самоодржлив медиумски сектор, почитуван од општеството, ослободен од сите форми на политичко влијание, во кој медиумското законодавство е целосно усогласено со стандардите на ЕУ.
Мисијата на ЦРМ, како клучна граѓанска организација на полето на медиумското законодавство и политики, е на македонското општество да му нуди релевантни и одржливи медиумски политики и правна експертиза, и да го надгледува спроведувањето на постоечката правна и политичка рамка од перспектива на слободата на медиумите и информациите.
Главниот фокус и активности на ЦРМ се следењето на примената на медиумското законодавство, односно работата на телата задолжени за неговата примена – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Македонската Радио-телевизија. ЦРМ ја набљудува работата на телата задолжени за спроведување на медиумското законодавство преку монитори присутни на седниците на советите на двете институции – Совет на АВМУ и Програмски совет на ЦРМ, како и документите и одлуките на тие тела.
Конституенти
Медиумската заедница, носителите на одлуки, регулаторни тела, граѓаните.
Наслов
Промоција на идни чекори во медиумските реформи
За што е потребна акцијата
Акцијата ќе придонесе кон поквалитетно реформирање на медиумското законодавство, како дел од тековните реформи на медиумите во Република Македонија.
Цели и резултати
Цел
Цел на проектот е да придонесе за натамошниот развој на медиумските политики што ги промовираат независноста и слободата на медиумите во државата.
Резултати
- Зајакната јавна дебата за насоките во кои треба да се движат промените на медиумското законодавство;
- Квалитетни решенија на ниво на јавни политики што ќе овозможат функционирање на одржлив, слободен и плуралистички медиумски систем.
Активности
- Подготовка на еден документ за јавна политика за натамошните фази на реформите на медиумското законодавство;
- Јавна дискусија за предложената јавна политика со заинтересираните страни;
- Претставување на документот пред носителите на одлуки – Владата на РМ и регулаторното тело АВМУ.
Буџет: 273.300 МКД
Времетраење: 2.7.2018– 1.9.2018