Центар за одржлив развој ЕЛИПСА – Куманово
Објавено: 22/06/2017
Општата цел на здружение Елипса е да го промовира одржливиот развој, да ги зајакнува демократските процеси и развојот на човечките и материјалните ресурси во Република Македонија.
ЦОР Елипса има за цел да ги постигне следниве специфични цели:
– Поддршка на развојот на институционалните капацитети на централно и локално ниво;
–Подигнување на свеста кај граѓаните за употребата на одржливите практики во економскиот развој;
–Одржливо користење на човечките и природните ресурси;
–Поддршка за одржлив развој на туризмот ;
–Обезбедување на интегриран регионален развој во согласност со принципите на одржлив развој
Конституенти:
Деца со посебни потреби на возраст од 6-14 години во основните училишта при извршување на секојдневните училишни обврски, нивните родители, како и основните училишта кои имаат можност да обезбедат неповратна финансиска помош во спроведувањето на проекти за зголемена безбедност и квалитет на живот на децата со посебни потреби при извршување на нивните секојдневните училишни обврски
Наслов
Децата се нашата иднина-безбедност пред се!
За што е потребна акцијата
Децата со посебни потреби на возраст од 6-14 години во основните училишта без разлика на вера, националност, боја на кожата, имаат право на нормален, безбеден и квалитетен живот при извршување на секојдневни училишни обврски и активности. Во основните училишта низ целата држава има малку, скоро никакви помошни (инвалидски) пристапи за децата со посебни потреби како рампи, тоалети и/или лифтови за нормално извршување на секојдневните училишни обврски.
Цели и резултати
Цел
Цел на проектот е создавање на услови за осовременување и модернизација на основните училишта во согласност со ЕУ стандардите со подобрување на квалитетот на животот и нивната безбедноста на децата на возраст од 6-14 со посебни потреби и на нивните родители во извршување на секојдневните училишни обврски.
Резултати
- Подигната јавна свест кај родителите на деца со посебни потреби
- Можност за мобилизација на граѓани/родители за потребите на нивните деца
- Листа на основни училишта на кои им е потребна неодложна интервенција
- Изработка на техничка документација за апликација за неповратна финансиска помош за 1 и/или 2 основни училишта (во зависност од обемот на градежните зафати)
- Образовни услуги за основните училишта и родителите на децата со посебни потреби преку совети, упатства и насоки поврзани со планирање, администрирање и изработка на документација за апликација за неповратна финансиска помош
- Постојан надзор до целосна подготовка и комплетирање на потребната документација, со давање насоки за тоа која документација е потребна и во врска со пополнување на апликацијата.
- Подготовка за изработка на основен проект за изградба/доградба
Активности
1.Подготовки за започнување на проектот
2.Промоција на проектот во основните училишта;
3.Мапирање на основните училишта
4.Изработка на листа на основни училишта со потребна неодложна интервенција
5.Работилница за родителите на децата за посебни потреби
6.Идентификување на други различни чинители од регионот (фирми, организации,(не)формални иницијативи, активисти, и др.) во имплементација на проектот;
7.Објавување повик и вклучување на млади волонтер/и во активностите на проектот;
8.Изработка на документација за апликација за неповратна финансиска помош за 1 и/или 2 основни училишта во зависност од обемот на градежните зафати.
9.Евалуација/Ревизија
Временска рамка: 12.1.2016 – 31.7.2017
Буџет: 400.000 МКД