Целта на ова Здружение е сочувување на македонските културни елементи преку промовирање на македонското културно наследство со ревитализација на старите подзаборавени занаети кои се дел од минатото на овие простори. Поставените цели, изродени од основните компоненти на Здружението, се главна мотивација за промоција на македонското културно наследство, кое како искон сè уште жилаво се спротивставува на забот на времето.

Целта на нашето здружение е:

  • Следење на актуелните мултикултурни тенденции во светот.
  • Развој на меѓуетничките комуникации како основа за стабилно цивилно општество и создавање на генерации со космополитски перспективи,
  • Афирмација на историското наследство и на современите културни достигнувања,
  • Едукација на млади генерации за значењето на културното историско наследство на овие простори
  • Поддршка на уметничкото креирање
  • Проекти за современо менаџирање од областа на културата

Конституенти:

Граѓаните од сите етнички заедници на Република Македонија, со акцент на институциите од областа на културата, невладините организации, медиумите и политички чинители од сите политички партии во РМ.

Наслов

Национални симболи, културната меморија и политички идентитети во Република Македонија

За што е потребна акцијата

Политичката состојба во Република Македонија во изминативе неколку години е одличен пример за истражување како културната меморија, врз која се гради културниот идентитет, се манипулира, се реконтекстуализира, се реафирмира и се наметнува како национален, групен и пред се, политички идентитет. Притоа ќе се истражи колку и како се користи културната меморија како алатка за оформување и промовирање на политички идентитет, процес кој е особено забележлив во Република Македонија во изминативе 10 години.

Цели и резултати

Цел

Основната цел на овој проект е подигање на нивото на свесност кај сите граѓани на Република Македонија за постоењето на културниот идентитет и меморија како категории кои им припаѓаат исклучиво и само на граѓаните и кои под никој услов не смеат да бидат манипулирани, злоупотребувани, реконтекстуализирани и поставувани во лажни, измислени или сценирани политички и/или историски конструкции на сегашни или минати политички идентитети.

Резултати

  • Вклучување на овој сегмент од општеството во образованието, со што ќе се постигне поголемо разбирање и толеранција на културните и национални симболи на сите етнички заедници во државата;
  • Создавање медиумска кампања за објаснување на основната функција на културата на една етничка група, народ и/или нација;
  • Создавање отворена платформа за организирање форуми и акции за запознавање на заедничките вредности на етничките групи во Република Македонија.

Активности

  1. Анализирање на користењето на националите симболи и културната меморија во политички настани, промоции на политички партии, граѓански собири организирани од страна на политички партии и други јавни настани.
  2. Спроведување анкетасо случајно избрана група граѓани во град Скопје.
  3. Статистичка обработка на податоците од анкетното истражување
  4. Подготовка на добиените резултати од активностите 1, 2 и 3 за нивно објавување.
  5. Објавување на резултатите од истражувањето преку организирање јавна дебата на некој од националните медиуми.

Временска рамка: 1.12.2016 – 31.05.2017

Буџет: 363.200 МКД

Веб страница