ЦЕНТАР ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО НА МАКЕДОНИЈА „3 МАЈ“ – СКОПЈЕ
Објавено: 04/10/2017
Здружението Центар за истражувачко новинарство „3 мај“ од Скопје е формирано со цел, преку разни форми на дејствување, да се унапреди професионалното новинарство во Македонија, да се поттикне истражувачкото новинарство, заради заштита на човековите права и слободи.
Конституенти
Граѓани, граѓански организации, медиуми, политички партии.
Наслов
Затворот – место каде што најбргу се губи достоинството
За што е потребна акцијата
Од почетокот на 2017 за само три месеци во затворите починаа пет лица.
Цели и резултати
Цел
Клучните области кои ќе се истражуваат се условите во кои престојуваат приведените и осудените лица како и нивната здравствена заштита. Итноста на ова прашање потекнува од фактот што во првите три месеци на 2017 година починале пет лица во затворите.
Резултати
Истражувањето ќе ги детектира „слабите точки“ во општеството кои се однесуваат на условите во казнено поправните институции и постапувањето кон штитениците во тие институции, во поглед на пружање и примање здравствена заштита, работи кои ургентно треба и мора да бидат предмет на решавање на надлежните институции во државата.
Активности
- Собирање податоци од државните институции (Министерство за правда, Дирекцијата за извршување на санкции, Министерство за здравство, Санитарен инспекторат…) за извршена дезинфекција, дератизација и сл.;
- Изготовка на бактериолошка, санитарна и друг вид анализи од просториите каде што престојуваат притворениците и затворениците;
- Разговор со лица кои издржувале или се на издржување на казна затвор;
- Изработка на серија текстови;
- Подготовка и изработка на документарен филм.
Буџет: 400.000 МКД
Времетраење: 15.6.2017 – 14.12.2017