ЦЕНТАР ЗА ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ – СКОПЈЕ
Објавено: 02/01/2018
Центарот за економски анализи (ЦЕА) е истражувачки центар составен од економисти кои делат заедничка визија за Република Македонија како нова европска економија во подем, интегрирана со регионалните и светските пазари. ЦЕА е основана во март 2003 година. Главната мисија на ЦЕА е постојано да ги истражува економските случувања и јавната политика во Република Македонија и да понуди препораки, предлози и мерки на владините и невладините институции. Веруваме дека капацитетот на членовите на ЦЕА за квантитативна анализа и професионална работа резултира во професионална институција која ќе ја зајакне дебатата за јавни политики и ќе создаде економска средина за раст и развој на македонската економија.
Целите на ЦЕА се следниве:
- Обезбедување квалитетна анализа на политики;
- Поддржување изведлива економска политика во Македонија;
- Помагање во развојот на средина која донесува повисоко ниво на инвестиции, забрзан развој и раст во македонската економија, како и членство во ЕУ;
- Достигнување финансиска одржливост;
- Поттикнување на регионална соработка и поддршка на Балканот;
- Зајакнување на граѓанското општество, општествениот капитал и доверба..
Конституенти
Градоначалници, членови на Советите на општините во Македонија и граѓаните.
Наслов
Прирачник за градоначалници и членови на советите на општините во Република Македонија
За што е потребна акцијата
Локалните избори во Македонија се спроведуваат на 15.10.2017 година и новите градоначалници и членови на совети во општините започнуваат со своите функции и активности непосредно пред изборите. Неопходно е од самиот почеток на новата водечка структура во општините, секоја засегната страна – граѓани, градоначалници и советници, да биде информирана за ефикасно спроведување на обврските на надлежностите како и почитување на законодавството и барање отчетност за истата.
Цели и резултати
Цел
Зголемување на капацитетите на новите водечки структури во општините за ефикасно и ефективно спроведување на надлежностите и зголемување на свеста на граѓаните за мониторинг на работата на општините.
Резултати
- Зголемен капацитет на новите водечки структури во општините за одговорно спроведување на надлежностите;
- Зголемена свест на граѓаните и општините за надлежностите и обврските кои ги имаат општините.
Активности
- Креирање методологија за развивање на Прирачник за градоначалници и советници во општините на РМ;
- Преглед на сите законски и подзаконски акти кои го уредуваат работењето на општините во РМ и преглед на надлежнсотите согласно програми и начинот на нивно извршување;
- Развивање на прирачник наменет за новите градоначалници и членови на советите на општините во РМ;
- Промовирање и дисеминација на Прирачникот до засегнатите страни.
Буџет: 399.490 МКД
Времетраење: 01.12.2017 – 28.02.2018