СТРИП ЦЕНТАР НА МАКЕДОНИЈА-ВЕЛЕС
Објавено: 23/06/2017
Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес е формиран во 2002 како продолжение на Здружението на љубители на стрип „Стрип арт“, формиран во 1995 година. Истиот има за цел да го заживее и афирмира македонскиот стрип во разни средини и заедници, во надвор од границите на нашата земја, меѓусебно да ги организира стрип чинителите во Македонија, да ги афирмира и практично да ги примени можностите што ги дава стрипот во разни сфери на општеството.
Стрип центарот на Македонија, во своето континуирано делување успешно работи во следниве дејности: библиотечна дејност, издавачка дејност, изложбена дејност, едукативна дејност, интернационална дејност и застапувачка дејност.
Конституенти:
- Млади автори од шест места од Македонија од сите географски области и со застапеност на урбани и рурални средини, како и мешан национален состав
- Читатели на каталог
- Шест граѓански организации
- Целокупната стрип сцена во Македонија
Наслов
СТРИПОТ КАКО КРЕАТИВНА АЛАТКА ВО ФУНКЦИЈА НА ГРАГАНСКИОТ АНГАЖМАН
За што е потребна акцијата
Стрипот како светски признаена деветта уметност, споредено со сите други видови на уметност, има најголеми можности за социјален ангажман.Тоа не е уметност којашто се прима ад-хок и може да се чита безброј пати. Овде авторот на стрип не се конфронтира со артисти и режисери коишто може да ја нарушуват неговата визија. Во споредба со сликарската уметност тој има сценарио и приказна, а во споредба со литературата освен приказна има и слика (ликовен израз на луѓето и околината). Истовремено стрипот е мобилен медиум, не е потребен ДВД, ајпод или друго електронско помагало кое ќе овозможи тој да се консумира. Не се потребни многу пари за да се раскаже приказната, ниту да се обезбеди негова масовна читаност.
Овој проект во суштина, е остварување на општествена промена и соработка меѓу граѓанските организации преку воведување на креативност во нивниот ангажман.
Цели и резултати
Цел
Да се афирмира стрип уметноста како алатка за испраќање на општествени пораки преку креативен процес на поединци и институции.
Резултати
- Зајакнати капацитетите на граѓанските организации, поединци и институции за можностите што ги нуди стрип уметноста и техники на изработка на стрипот.
- Вмрежани граѓански организации и поединци кои доаѓаат од различни географски и секторски области кои стрипот го применуваат како медиум за испраќање на силни пораки
Активности
- Дефинирање на списокот за учесници во проектот од 6 разни места со рамномерната застапеност на урбани и рурални средини, опфат на сите географски региони, етничка, секторска и тематска застапеност.
- Интензивна комуникација со локалните спроведувачи заради подготовка на темите за цртање (сценарија) и скици за стриповите коишто ќе се довршат за време на стрип училиштето.
- Организирање на училиште за креативен стрип ангажман во траење од четири дена во некое од туристичките места во Македонија за 12 млади автори од шест различни места според претходно направениот избор.
- На маргините на училиштето ќе се организира заеднички состанок каде ќе биде потпишан меморандум за соработка и вмрежување на организации коишто го афирмираат стрипот како креативен граѓански ангажман. Сите организации ќе се вклучат како конституненти во работата на Стрип центарот на Македонија, како чадор организација.
- Подготовка и печатење на пригоден каталог од нацртаните дела во ПДФ формат и на македонски јазик.
- Организирање на изложби во местата од каде што се партнерите. Изложбите треба да траат најмалку четири дена во секое место.
Временска рамка: 1.3.2017- 30.6.2017
Буџет: 352.700 МКД