СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНТИВА ПРОТИВ МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА (СППМД)
Објавено: 24/01/2017
Вкупен буџет: 1.999.905
Времетраење: 01.1.2017 – 30.6.2018
Визијата на СППМД е: Моќна и стабилна организација, двигател и партнер на институциите, во настојувањето во Република Македонија да се воспостави благосостојба за децата, недискриминација, учество на децата во донесувањето на одлуките кои се од нивно значење, заштита од секаков вид на насилство, почитување на детските права во сите постапки пред институциите, особено ЦСР, полицијата, обвинителството и судовите, а во насока на настојувањето Р.М. да се издигне како земја во која целосно ќе се почитуваат човековите права и слободи, со посебен акцент на стандардите за правда за децата како елементарен услов за интегрирање во ЕУ.
Мисијата е: Креирање на силна законска регулатива, преку донесување на Законот за правда за децата, негово надградување, имплементирање, мониторинг, евалуација на законот, донесувањето на процедурите за постапување со децата жртви од насилство како задолжителни упатства за постапување во полицијата, обвинителството и судовите, донесувањето на индикаторите за следење на ефикасноста на законите за правда за децата, огромниот број на обуки за лицата кои работат во системот на правда за децата ја дефинираат препознатливоста на организацијата, која е на високо ниво како единствена специјализирана организација која врши професионални обуки за лицата задолжени за примена на законите во делот на правда за децата, односно лицата кои работат во системот на правда за децата.
Oрганизацијата е oсобено препознатлива по креирањето на Процедурите за заштита на децата жртви од насилство, по лобирањето за нивна задолжителна примена во сите инволвирани институциите, како и континуираната обука за претставниците на овие институции која се спроведува неколку години по ред.
Конституенти
Членовите и институциите, ЦСР, полицијата, обвинителството и судовите, од цела Р.М. кои ја прифаќаат мисијата и визијата на СППМД и заеднички работат на остварување на краткорочните и долгорочните цели на СППМД. Конституенти се и партнерските организации во и надвор од земјата, со кои СППМД соработува и тоа: надворешни соработници, судските органи, судии, обвинители како и законодавните и владините органи.
Претходно искуство/проекти
- Развивање на специјализирани процедури за третман на децата жртви од насилство.
- Надградба на мониторинг системот за следење на законот за правда за децата.
- Донесени и усвоени процедури за постапување со децата жртви.
- Формирање на општински совети за превенција од детско престапништво.
- Развивањето на капацитетите на лицата задолжени за примена на Законот за правда за децата.