СОВЕТ ЗА ЕТИКА ВО МЕДИУМИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Објавено: 26/05/2016
Вкупен буџет: 2.500.280
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018
Советот за етика во медиумите во Република Македонија (СЕММ) е саморегулаторно тело со мисија и цели да се унапредат и заштитат професионалните стандарди и етиката во медиумите во Република Македонија.
СЕММ верува во држава во која обединетите, доверливите и одговорни слободни медиуми работат според највисоките професионални стандарди, обезбедувајќи квалитетни информации на информираната и вклучена јавност.
СЕММ има 46 членки од редот на медиумите и здруженијата на медиуми. Основан во декември, 2013 година, со официјална регистрација од март 2014. Од своето постоење досега, СЕММ преку неговата Комисија за жалби има процесирано над 60 претставки. Европската комисија, во својот последен извештај, ја нотира важноста на работењето на СЕММ и неговата улога во саморегулацијата на медиумите. Во извештајот се наведува дека медиумите за кои се донесуваат одлуки не ги објавуваат информациите за одлуката и препораките, и со тоа го намалуваат влијанието на саморегулацијата.
Конституенти
Клучните конституенти на СЕММ се: медиумите (уредниците, издавачите и сопствениците на медиумите); членки на Собранието; поединечни новинари; новинарските здруженија; студентите по новинарство; Владата; судството и правниците; локалните граѓански организации; меѓународните политички и граѓански организации; внатрешните – вработените и одборите; како и општата јавност.
Претходно искуство/проекти
Придонесување кон промоција на слободата на изразување преку зајакнување на механизмите на заштита на независноста на медиумите; развивање на механизам за саморегулација во македонската медиумска сцена, кој е операционален и препознаен; развивање на заедничка агенда за слобода на изразување меѓу сопствениците на медиумите, уредниците, новинарите и претставниците од граѓанскиот сектор; подигнање на свеста на граѓаните низ земјата за постоењето и улогата на СЕММ, запознавање со начините на функционирање на Советот и поднесување на жалби до Комисијата за жалби при СЕММ.