Вкупен буџет: 1.993.580
Времетраење: 01.7.2016 – 30.6.2017

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) е национална, мултиетничка и мултигенерациска мрежа, креативно ориентирана кон иднината. Toa е мрежа на 116 локални женски организации од урбани и рурални средини. НСРР е формиран во 1994 година, а главната мотивација за основање на организацијата е унапредување на статусот на жените во општеството и семејството. Организацијата има четири дисперзирани регионални канцеларии во: Кавадарци, Пехчево, Струга и Ресен.

Визија: Родова рамноправност, развој и мир.

Мисија: Промовирање на женските права како човекови права, елиминација на сите форми на дискриминација на жените, зголемување на учеството на жените во процесите на донесување одлуки на сите нивоа, подобрување на социо–економскиот статус на жените, превенција и заштита на жртвите од семејно насилство, градење на општество со еднакви можности. НСРР активно работи и на полето на развој на граѓанското општество, зајакнување на жените за вклучување на пазарот на труд и поттикнување на претприемништвото кај жените, промовирање култура на мир и ненасилство и вклучување на родовата перспектива во процесите на креирање политики.

Конституенти

Корисници: жени, млади, маргинализирани групи и граѓански организации; организации членки, локални ГО и индивидуални членки; волонтери; Индивидуални донатори: бизнис сектор, индивидуални членки на организацијата;

Поддржувачи: домашни и меѓународни организации и фондации, претставници на институциите, независни регулаторни тела, јавни личности, приватни компании; други ГО од и надвор од Македонија; платформи, мрежи и коалиции на ГО; неформални здружувања на граѓанското општество; медиуми; државни институции.

Претходно искуство

  • Со заеднички напори – кон новите европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство
  • Процена на политиките, програмите и буџетите во социјална заштита од родова перспектива
  • Преку пристап до информации од јавен карактер до унапредување на социјалната заштита на локално ниво.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Здружени кон промени

За што е потребна акцијата

Заради недефинираните законски надлежности, често се случува институциите меѓусебно да си го префрлаат проблемот, а сето тоа се крши на грбот на жртвите, кои покрај веќе доживеаната траума од насилството и дополнително, бегството од дома заедно со малолетни членови на семејството, мораат да ја повторуваат приказната и повторно да остануваат во насилството. Сѐ заради недостатокот на систем и сервиси за поддршка и упатување на жртвите. Откако ќе бидат упатени и сместени во еден од четирите шелтер центри во државата жртвите можат да останат најмногу шест месеци. Поради овие недостатоци најнапред, мора да се направи ефективен систем на координација за преземање и упатување на жртвите. Доколку постои ЛКТ, ќе се прескокне психичкото малтретирање на жртвите со давање на повторни и дополнителни искази со цел прибирање на докази и факти за ситуацијата. Кај нас се уште не е јасно како треба да бидат поставени работите. Потребно е да се споделат искуствата со земјите од регионот, но и други поразвиени европски земји за темата.

Цели и резултати

Општа цел – Придонес кон зајакнување на учеството на граѓанското општество и развој на системи согласно меѓународните стандарди за постигнување на родовата еднаквост, еднаков пристап до правда за жените и надминување на родовите стереотипи и дискриминација.

Специфична цел

1. Граѓански ангажман кон подобрување на пристапот до сервиси за поддршка на жртвите на родово базирано насилство преку зајакнување на капацитетот на релевантните актери и преземање конкретни чекори за промена и подобрување на правната и институционалната рамка во Македонија.

2. Надминување на бариерите кои го попречуваат пристапот на жените до правдата и поттикнување на родова интеграција во сите политики и мерки.

Резултати

  • Подобрено законодавството поврзано со родово базирано насилство и преземени акции на локално ниво, кое овозможува поголема достапност и заштита на жртвите од родово базирано насилство
  • Граѓанските организации и други независни актери релевантни за борба против родово базирано насилство се здружени со зајакнати капацитети
  • Иницијатива за донесување на Закон за ратификација на Конвенцијата на Совет на Европа (Истанбулска конвенција).

Активности

  1. Компаративна анализа на законодавството во РМ и стандардите од Конвенцијата
  2. Национална конференција
  3. Подготовка на Прирачник за работа на актерите вклучени во работата со жртвите
  4. Организирање на осум еднодневни обуки
  5. Два координативни состаноци на мрежата
  6. Три едукативни сесии со адвокати, судии и обвинители, новинари
  7. Лобирање за Ратификација на Истанбулската конвенција и други закони
  8. Дебата во парламентот
  9. Медиумска кампања
  10. Акции на локално ниво

Веб страница