Вкупен буџет: 1.966.975
Времетраење: 01.7.2016 – 31.12.2017

Сојуз на извидници на Македонија (СИМ) е невладина организација која на територијата на Македонија датира од 1953 година. Денес Сојузот на извидници на Македонија функционира на речиси целата територија на Р. Македонија, со 21 активни извиднички одреди. Преку извидничкиот метод и неформалната едукација СИМ претставува организација во која младите ќе го пронајдат своето место и ќе го истакнат својот карактер, активно вклучувајќи се во општеството донесувајќи одлуки кои го прават светот подобро место за живеење. Извидничката програма ја развива младата личност на физички, ментален, духовен и емоционален план достигнувајќи ги потполните можности на индивидуата. Мисијата на Сојузот на извидници на Македонија е да придонесе во образованието на младите луѓе, низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот завет и закони, да помогне во изградбата на подобар свет каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи.

Конституенти

Основни конституенти на Сојузот на извидници на Македонија се 21 извиднички одред во Р.Македонија кои обединуваат активно членство од 1740 млади.

Претходно искуство

  • Промена преку едукација
  • Зголемување на младинско учество
  • Патеки кон социјална инклузија

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Извидниците за активно општеството

За што е потребна акцијата

Немањето социјална понуда за младите и негативните трендови на иселување, социјалното исклучување преку социјалните медиуми, бесперспективноста и ниското ниво за свесност за своите потенцијали креира пасивни млади во овој регион кои само дополнително се приклучуваат на генералниот тренд и придонесуваат кон растење на истиот.

Цели и резултати

Општа цел – Зголемен граѓански ангажман на младите и силен граѓански сектор.

Специфична цел – Зголемено ниво на учество и граѓански ангажман на младите во 15 општини во Р.Македонија.

Резултати

Директни резултати:

  • Мобилизирани и вклучени 200 млади од 15 општини во граѓански акции
  • Воспоставена соработка помеѓу младите и локалните власти
  • Младите практикуваат активизам и граѓански ангажман
  • Воспоставена одржливост на 20 извиднички одреди.

Индиректни резултати:

  • Децентрализирање на извидничката организација/ младинските организации
  • Намалување на миграцијата и зголемување на мобилноста
  • Зајакнување на меѓуетничките односи.

Активности

  1. Извиднички караван во 15 општини
  2. Сојузување (тим билдинг, пловидба, полигон, мисија во село)
  3. Младинска академија
  4. Извиднички куп за млади (девет кола)
  5. Ден за акција – добро дело (акции во 15 општини)

Веб страница