Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија
Објавено: 02/03/2016
Здружението Регионален центар за одржлив развој од Гевгелија е формирана во септември 2006 година како резултат на трансформацијата на Центарот за поддршка на НВО Гевгелија. РЦОР го афирмира одржливиот развој, иницира и промовира демократски и европски вредности преку поддршка, едукација и информирање на сите актери на граѓанското општество. Оваа своја мисија здружението ја реализира преку три програми: Програма за развој на граѓанското општество; Програма за поттикнување на младински активизам и Програма за развој на локалната демократија. Здружението дејствува во југоисточниот регион. Досега здружението има спроведено над 30 проекти на локално и регионално ниво, над 100 обуки и работилници, мониторирања на процесот на децентрализација, јавните набавки, на работата на Градоначалникот и Советот, мониторинг на избори, Закон за волонтерство, Закон за заштита од дискриминација, Закон за малцински права, организирање на јавни настани и кампањи итн.
Конституенти
НВОи, јавните институции, приватниот сектор, единиците на локална самоуправа, младите, медиумите и граѓаните на локално и регионално ниво.
Наслов
Помогни и ти!
За што е потребна акцијата
Со започнувањето на бегалската криза градот Гевгелија е транзитна рута за мигранти кои сакаат да стигнат до земјите членки на ЕУ. Во текот на едно деноноќие од 3000 до 7000 бегалци ја поминуваат грчко- македонската граница и со помош на безбедносните сили на АРМ кои се стационирани во Гевгелија се упатуваат кон српската граница со автобуси, такси превоз и возови. Помеѓу Гевгелија и грчката граница со помош на УНХЦР се изгради прифатен центар за бегалците каде работат тимови на меѓународни организации и невладини организации. Благодарение на УНХЦР се изгради и уреди прифатниот центар за нормален престој и згрижување на бегалците иако бројот на бегалци не се намалува и заради зимските месеци се очекува ситуацијата да биде потешка. Општина Гевгелија се соочува со недостаток на капацитети и финансиски средства за понатаму да се справи со бегалската криза, а бегалците се соочуваат со недостаток на храна, вода, зимска облека, укажување на помош и здравствена заштита.
Цели и резултати
Цел
Да се поттикнат граѓанските здруженија и граѓаните од Гевгелија на активност и хуманост за помош на бегалците.
Резултати
- Информирани и едуцирани НВОи за правата и состојбата на бегалците; Подготвен документ со активности за дејствување на НВОи;
- Зголемено учество на НВОи во прифатниот центар;
- Зголемено учество на НВОи во информирање и поттикнување на граѓаните за донирање;
- Воспоставување на соработка и партнерства на локални НВОи со други НВОи, јавни институции и меѓународни организации;
- Поттикнување на младите на волонтеризам.
Активности
1. Градење на капацитети на НВОи за работа и помош на бегалците.
1.1.Организирање обука за НВОи за правата и состојбата на бегалците и механизмите за нивна заштита.
1.2 Организирање на работилница за НВОи за изработка на акционен план за помош на бегалците.
1.3 Вклучување на НВОи на состаноците кои на неделно ниво ги организира УНХЦР
1.4 Вклучување на НВОи во активности на УНХЦР и други организации кои работат во прифатниот центар
2. Подигање на јавната свест
2.1.Креирање на профил на социјалните мрежи за информирање на јавноста за правата и состојбата со бегалците, активностите на сите организации кои работат со бегалците и пријавување на сите заинтересирани за помош на бегалците
2.2.Подготовка и дистрибуција на информативен флаер за правата на бегалците и начините како локалното население може да помогне.
2.3.Печатење на промотивни материјали (постер, маици) за поголема видливост на проектот.
2.4.Отворени денови за донирање ќе се организираат во самите простории на организацијата еднаш неделно.
3. Набавка и дистрибуција на вода и прехранбени продукти за бегалците.
Буџет
328.850 МКД