Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
Објавено: 01/03/2016
Вкупен буџет: 5.999.917
Времетраење: 01.4.2015 – 31.3.2018
Првата детска амбасада во светот Меѓаши е основана на 29 април 1992 година во Скопје, како светска асоцијација и прва регистрирана организација за заштита на правата на детето.
Визија на ПДАС Меѓаши е поправеден свет за секое дете.
Мисија е ги застапува и заштитува правата на децата, поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование , развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува раличностите и еднаквите можности за сите.
Конституенти
Конституенти на Меѓаши се децата, младите, родителите, институциите, медиумите, агенциите и меѓународните организации
Претходно искуство/проекти
Меѓаши се залага за почитување на детската личност преку заштита на правата, застапување на детските интереси и преку збогатување на животот со содржини кои детството го прават сигурно и творечко.
Го зајакнува граѓанското движење за правата на детето развивајќи го волонтерскиот пристап во работата и се грижи за спроведување на Конвенцијата за правата на детето.
Амбасадата со своите активности придонесе во развивањето и јакнењето на граѓанската свест за детските права. Taa го сруши молкот за детските страдања, особено за физичката, сексуалната и економската злоупотреба на децата, откривајќи во јавноста повеќе случаи на злоупотреби и директно ангажирајќи се за воспоставување поефикасни механизми за заштита на децата.