Профицио ги адресира проблемите поврзани со последиците од растечката сиромаштија и невработеност во Република Македонија особено на младите и жените во руралните средини. Исто така, воспоставува канали и механизми за мултиетничка кохезија и толеранција. Профицио се залага за намалување на сиромаштијата и подобрување на социјалната вклученост преку поттикнување на економски просперитет за маргинализираните лица и воспоставување на општествени механизми и практики за мултиетничка соработка во локалните заедници и целата држава; за почитување на човековите права и за добро владеење.

Конституенти

Маргинализираните групи како што се: жени во рурални средини, припадници на ромската националност, инвалидизирани лица и млади во рурални средини. Подржувачите на организацијата: локална самоуправа, приватни претпријатија кои се вклопуваат во визијата и мисијата на нашата организација.

Наслов

Информирај се и спореди

За што е потребна акцијата

Во обид за спроведување на анализа за изборните циклуси во Република Македонија увидовме дека за некои од изборните процеси не постои веб страна каде се прикажани резултатите од спроведените избори, на веб страната на ДИК можат да се најдат единствено резултатите од избори 2009, 2011, 2013 и 2014. Проблемот е во тоа што резултатите од претходни одржани избори не се достапни електронски за јавност и како втор проблем е тоа што ниту една од веб страните поврзани со резултати од избори и референдуми не дава можност за споредба на резултатите по избирачки места, општини, изборни единици од одржани изборни циклуси.

Во пресрет на изборите во април 2016 година сметаме дека оваа веб алатка ќе биде од голема корист како за граѓаните така и за политичките партии, медиумите и слично. Оваа алатка ќе придонесе и при идни анализи на изборни процеси и референдуми.

Цели и резултати

Цел

Подготовка на единствена веб страна со база на резултати од спроведени изборни процеси и референдуми на територија на Република Македонија.

Резултати

  1. Изработена единствена веб- страна со база на резултати од спроведени избори и референдуми во Република Македонија;
  2. Алатка за увид и споредба во резултатите од страна на граѓаните.

Активности

  1. Изработка на веб-страна со единствена база на податоци од резултати од спроведени избори и референдуми на територијата на Република Македонија и можност за споредба на резултати од изборни циклуси;
  2. Промоција на веб-страната пред Државната изборна комисија и членови на граѓански организации;
  3. Интернет кампања за промоција на веб страната.

Буџет

397.800 МКД