Вкупен буџет: 2.850.000
Времетраење: 01.4.2015 – 31.3.2018

Организација на жените на општина Свети Николе е здружение на граѓани формирано за остварување на интересите на граѓаните и превземање на активности за подобрување на целокупната состојба пред се на жените во општеството, но и на децата и младите.

Организацијата е продолжување на поранешното женско движење во Македонија и од 1990 година дејствува како независна организација.

Визија ОЖО Свети Николе е лидер во женското движење и располага со човечки и технички капацитети кои можат да влијаат на подобрување на општата состојба на граѓаните во општината и во Републиката.

Мисија ОЖО Свети Николе работи на подобрување на условите за соодветна здраствена заштита на жените, децата и младите, активно вклучување на децата и младите во општествените текови на живеење, како и почитување и заштита на човековите права.

Организацијата генерално работи на локално и национално ниво, но реализира и учествува и во интернационални проекти. Во руралните средини има женски активи со цел полесно стапување во контакт со целните групи при реализирање на предвидените активности и проекти. Во организацијата членуваат околу 500 неформални членови, од кои 30 се активни волонтери/ки и се вклучени во реализација на тековни активности и проекти. Членовите на Организацијата се со различен образовен профил и стручна подготовка.

Целна група се жени, деца и млади, но и општа популација.

За успесите на организацијата сведочат и бројните локални, национални но и интернационални награди и признанија како што се наградите: „Бисер на мудроста“ – доделена од ЕССА – Европска асоцијација за рак на матка, „Златен медал 2006“ доделена од Советот на општина Свети Николе и „Наградата за граѓанско општество и демократија за постигнувања во претходната година“ – доделена од страна на МЦМС.

Конституенти

Конституенти на организацијата се корисниците, волонтерите, членовите, соработниците и поддржувачите. Главната база на конституенти се жените и подржувачите на женски права и надминување на проблемите со кои жените секојдневно се соочуваат, како и децата и младите нивното интегрирање во општеството и новите општествени текови, членови, соработници, волонтери, корисници и поддржувачи на исти каузи.

Претходно искуство/проекти

Во почетокот Организацијата работеше на пружање на хуманитарна помош за социјално загрозени лица. Со стратешкиот развоен план за периодот 2009-2011 година беа имплементирани активности од 5 програми – здравствена, за деца и млади, за човекови права, за здрава животна средина и за зајакнување на капацитетите на организацијата.

Новиот Развоен стратешки план за периодот 2012-2015 година е фокусиран на остварување на поставените стратешка цели: подобра здравствена заштита на населението во Македонија, подобрување на положбата на децата и младите во заедницата и промовирање и почитување на човековите права и елиминирање на сите форми на дискриминација.

Од 2006 година, Организацијата е регистрирана во регистарот на Здруженија на граѓани кои работат во областа на социјалната заштита при Министерството за труд и социјална политика и е во позиција да имплементира одредени активности во областа на социјалната заштита делегирани од Министерството.

Веб страница