Вкупен буџет: 4.554.000
Времетраење: 01.4.2015 – 31.3.2018

Водени од потребата за остварување, заштита и уогласување на своите интереси и уверувања како и заради вршење на дејности и активности за подобрување и унапредување на образованието кај младите Роми, подобрување на нивната социјална положба и нивно вклучување во сите општествено-економски текови во државата, група граѓани од ромска националност ја основаа Хуманитарната и добротворна организација КХАМ од Делчево. Организацијата е основана на 20.03.1999 год. како невладина непартиска и непрофитабилна организација.

Визија – Граѓаните во РМ се рамноправни, достоинствено вработени, со остварено право на здравје и целосно вклучени во образовниот процес и останатите сфери на општественото живеење.

Мисија – НВО „КХАМ“ е граѓанска организација која преку информирање, едуцирање, влијание врз политики и обезбедување услуги им помага на Ромите и маргинализираните групи да се ангажираат за да ги остварат своите здравствени права, да обезбедат подобро образовно ниво и подобра економска положба.

Благодарение на работата, бројот на членови се зголеми на 150 во 2004 година кога беа регистрирани четири ограноци во општините Берово, Пехчево Виница и с. Црник. Подоцна, со финансиска помош на организацијата тие се пререгистрираа во самостојни организации.

Конституенти

Собрание од 90 членови; Совет составен од основачите на НВО КХАМ од 9 члена; Управен одбор од 5 члена; Надзорна комисија од 3 члена; Извршна кацеларија од 9 члена; 5 локални соработници.

Претходно искуство/проекти

КХАМ Делчево посветено работи на:

  • Искористување на сите можности и потенцијали на организацијата како и развивање на форми за лобирање и застапување за развој на демократија, граѓанско општество и човековите права,
  • Операционализација и институционализација на локалните и националните Акциски планови од Декадата на Ромите 2005-2015 год.,
  • Социјална кохезија и намалување на сиромаштијата,
  • Развој и унапредување на добротворставото и волонтерството,
  • Подобрување на имиџот и развивање на позитивна слика за граѓанскиот сектор во државата,
  • Кроссекторска  и меѓугранична соработка како и подршка на евроинтеграциските процеси.

Веб страница