НЕКСУС – Граѓански концепт, Скопје
Објавено: 23/11/2017
Здружението на граѓани „Нексус – Граѓански концепт“ е непрофитна, невладина и непартиска организација чија основна цел е промоција и унапредување на демократијата. Тие веруваат дека демократијата има вредност, но сепак е кревка и зависи од квалитетот на односите меѓу граѓаните и државата. Тие се стремат да го стимулираат граѓанинот а особено младите на ненасилен начин да ги реализираат идеалите за права и слободи преку надградба на своите вештини, знаења и искористување на расположливите ресурси. Нивната визија е за демократско општество со граѓански концепт, во кое граѓаните се слободни со мисла и говор и каде владеењето на правото е од централно значење за општеството во кое живееме. Нивната мисија е да создадеме концепт за враќање на демократијата во нејзиното вистинско значење и место преку слободно и активно учество на граѓаните, а особено на младите, во процесот на креирање политики и носење на одлуки кои се од интерес на општествената заедница.
Конституенти
Младите со право на глас од 18 до 29 години и сите останати граѓани на Р. Македонија со право на глас.
Наслов
Платформа за стимулирање на активна граѓанска партиципација: Информирај се, биди активен, гласај!
За што е потребна акцијата
Во Македонија, стапката на невработеноста кај младите изнесува 52.9%, и претставува една од главните причини што младите ја напуштаат државата и заминуваат по подобар живот во западноевропските и прекуокенаските земји. Неодамнешните истражувања покажуваат дека 83% од младите сакаат да ја напуштат земјата, преку 63% се незадоволни од образовниот и здравствениот систем, инфраструктурата и немањето можности за вработување. Само 51% имаат интерес во политичките случувања, 20% гласаат на изборите, и само 5% од граѓаните, најмногу младите, сметаат дека можат да влијаат со нивниот глас врз политиките на локално и национално ниво. Од овие причини, ваквата состојба треба да претставува базична основа младите да се дел од централно значење за процесот на донесување на одлуки, политичките партии и владините политики. Но, како да се привлече вниманието на младите, да се мотивираат да ги практивуваат постоечките демократски процеси на право на глас, кога тие се апатични и убедени дека нивниот глас не е важен, нема значење и не може да направи промена.
Цели и резултати
Цел
Општата цел на проектот е да се поттикнат младите да го остваруваат своето право на глас, како клучен елемент за промена на нивниот однос кон изборниот процес, гласањето и партиципирањето во донесување одлуки.
Специфична цел на проектот е: Подигнување на свеста на општата јавност, особено на младите за важноста на учеството во процесот на гласање, креирање и носење одлуки од нивен интерес, промоција, поддршка и поттикнување на активното граѓанство, преку воспоставување на платформа за стимулирање на активна граѓанска партиципација.
Резултати
- Развиена свеста кај младите за важноста на нивниот глас, и дека гласањето не е само нивно право, туку и обврска;
- Зголемена излезност на младите гласачи за дополнителни 15%;
- Mладите се охрабрени критички да размислуваат, учествуваат во процесите на донесување одлуки, и ги чувствуваат придобивките од практицирање на демократските процеси;
- Зголемена видливоста на младите во политичките агенди и манифестите на политичките партии;
- Воспоставена Платформа за активна граѓанска партиципација во форма на мобилна апликација за паметни телефони, која ќе продолжи да функционира и за сите понатамошни изборни процеси;
- Ќе се створи „култура на гласање“, оној кој гласа за првпат, ќе гласа и понатаму во својот животен процес.
Активности
- Подготовка на промотивен видео клип
- Подготовка на Платформа за стимулирање на активна граѓанска партиципација во вид на информативна и интерактивна веб апликација;
- Подготовка и дисеминација на пропаганден материјал;
- ТВ дебата на една од националните телевизии на која ќе се разговара за важноста на учеството на младите во избирачкиот процес, преку искористување на правото на својот глас;
- Промотивен настан за претставување на проектните активности пред младата популација.
Буџет: 372.940 МКД
Времетраење: 1.7.2017 – 30.11.2017