Неформалната група граѓани-наставници од ООУ „Лазо Трповски“- општина Карпош и ООУ„Лирија“- општина Чаир, Скопје е основана во 2013 год. Од страна на наставниците кои со заеднички идеи сакаа да придонесат за развој на меѓуетничката толеранција, а против растечката медиумска пропаганда која промовира меѓуетничка нетрпеливост. Нивната визија е прифаќање на различностите на етникумите, а преку иновативноста на учениците нивната мисија е да градат перспективна иднина за сите без поделби и сепарирање, во насока на економски развој на севкупната заедница. Преку училишни работилници, дебати, предавања хепенинзи, спортски натпревари, средби и взаемна соработка меѓу учениците, наставниците, родителите градат мостови на пријателства во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, а овие активности во идина сакаат да ги продолжат во насока на практично надоградување.

Конституенти

Ученици, родители, наставници од ООУ „Лазо Трповски“, општина Карпош и ООУ „Лирија“, општина Чаир

Наслов

ПРОТИВ НАСИЛСТВО- ПОД ИСТО НЕБО!

За што е потребна акцијата

Зачестени се инцидентите каде жртви се млади луѓе кои заради тоа што ја почитуваат својата религиска и етничка традиција се цел на напади на инструирани поединци и групи-следбеници на медиумска пропаганда која промовира меѓуетничка нетрпеливост како погубен елемент за целото општество.

Цели и резултати

Цел

Поттикнување и практичното надоградување на проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“ со нови заеднички оригинални активности кои ќе придонесат за развој на толеранцијата преку иновативност на учениците од различни етникуми како богатство во развојот на граѓанското општетсво.

Резултати

  • Прифаќање на различностите на етникумите во насока на градење перспективна иднина за сите без поделби и сепарирање, во насока на економски развој на севкупната заедница;
  • Да се имплементираат идеите во духот на новото време;
  • Да се насочуваат младите иднината да ја градат во земјата;
  • Вакви иницијативи да се спроведуваат низ целата РМ.

Активности

  1. Панел дискусии, дебати и предавања за јакнењето на мултикултурализмот во РМ;
  2. Изготвување и презентација на краток филм со промоција ма мултиетничка толеранција;
  3. Средби со новинари, настапи во медиумите за информирање за активностите;
  4. Изготвување промотивен материјал и креирање страница на социјалните медиуми;
  5. Литературен и ликовен конкурс на тема: Против насилство-под исто небо!
  6. Работилници за изработка на накит и креации – модели (облека) инспирирани од фолклорни елементи, но во духот на новото модерно време со заеднички симболи;
  7. Мултимедијален завршен настан во библиотеката „Другарче“; Презентација на видео-филм, модна ревија, изложба на изработки.
  8. Поднесување иницијативи до локалната самоуправа во својата програма за работа во секторот за образование да вметнат буџети за поддршка на проекти од мултиетничката интеграција како перспективни за државата.

Буџет: 400.000 МКД

Времетраење: 1.5.2017- 31.10.2017

Веб страница