Неформалната иницијатива за заштита на граѓанското општество произлезе како идеја од Платформата за соработка на полето на човековите права. Таа има за цел да ги спречи негативните ефекти од инспекциите, како и да ја зајакне довербата меѓу самите граѓански организации за нивното правилно работење како основа за остварување на правото на здружување и изразување што понатаму ќе доведе до зајакнување на граѓанското општество како институција/сектор на подолг рок.

Конституенти

Дваесет и една (21) граѓанска организација кои што од декември 2016 па до ден денес се цел на инспекции со очигледна интенција за заплашување и притисок врз критички настроеното граѓанско општество

Наслов

ПРАВНА ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ИНСПЕКЦИИ ВО ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

За што е потребна акцијата

Во текот на предизборниот и изборниот период во декември 2016, повеќе од 20 граѓански организации беа цел на инспекции од страна на Управата за јавни приходи (УЈП), а потоа инспекциите се зголемија бидејќи се вклучија и другите органи кои имаат различен вид на инспекциски надлежности (Финансиска полиција, МВР, со налози од Јавно обвинителство и сл.).

Нема доволно релевантни податоци во однос на сите поединечно извршени инспекции во самите организации за да се сумираат впечатоците и да се изведе сигурен заклучок со препораки за понатамошно унифицирано дејствување. Исто така, граѓанските организации имаат правни но и други слабости во однос на законито (не)работење и особено во однос на тоа каква е постапката при инспекција и дали УЈП ги пречекорува своите надлежности при спроведувањето на инспекциите.

Цели и резултати

Цел

Да се спречат негативните ефекти од инспекциите и да се зајакне довербата меѓу самите граѓански организации за нивното правилно работење како основа за остварување на правото на здружување и изразување и да се зајакне граѓанското општество како институција/сектор на подолг рок.

Резултати

  • Повеќе релевантни податоци, разменети информации и знаење за практичното извршување на надлежностите на УЈП и на другите институции кои имаат инспекциски надлежности (Финансиска полиција и сл.);
  • Подобрена правната (и друга) отпорност и подготвеност на ГО за идни инспекциски надзори од страна на државните органи;
  • Дисеминирани производи од заедничката иницијатива до сите граѓански организации кои биле подложни на инспекции, до целата Платформа за соработка на полето на човековите права на програмата Цивика мобилитас, до донатори и други засегнати страни и утврдување на стратешки и тактички понатамошни пошироки заеднички акции

Активности

  1. Истражување кое вклучува: фокус групи со сите 21 организација кои беа подложени на инспекции и изразија писмена поддршка за оваа иницијатива, брзо истражување за активностите спроведени од УЈП во рамките на инспекциите во овие 21 организација и истражување на правната регулатива релевантна за оваа акција -изработка на краток Policy Brief
  2. Брза правна (и друга) подготвеност: секојдневно заедничко решавање на сите правни, финансиски и други дилеми и прашања во текот на целата акција
  3. Дисеминација на производите и организирање тркалезна маса со сите засегнати организации, претставници од УЈП, со дополнително присуство на судии, адвокати, други донатори, ОБСЕ и сл.

Буџет: 400.000 МКД

Времетраење: 3.4.2017 – 2.8.2017

Веб страница