Националниот младински совет на Маедонија (НМСМ) е национална чадор организација на сите млади во Македонија. НМСМ обединува 49 организации: 21 младинска организација, 15 организации за млади, еден сојуз, осум подмладоци на политичките партии и четири придружни членки, со цел да се промовираат и да се залагаат за правата на младите во Македонија. Членството на НМСМ е разновидно, обединувајќи организации кои работат на национално и регионално ниво, рурални и урбани средини, студентски организации, ограноци  на меѓународни организации и други типови на здруженија. Во процесот на остварување на своите цели, НМСМ ги застапува интересите на младите во Република Македонија без разлика на нивната социо-економска положба, пол, раса, етничко и културно потекло, политичкото и верското уверување, сексуална ориентација, родов идентитет или било која друга форма на разлика.

Визија: Независен, автономен и инклузивен младински сектор кој ги претставува младите во Македонија.

Мисијата на НМСМ е да ги претставува интересите и потребите на младите луѓе како врска со сите чинители и да обезбеди вклучување и активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на секое ниво.

Конституенти

Младите луѓе, младинските организации во Р. Македонија.

 

Наслов

Здружени млади за заеднички политики

За што е потребна акцијата

Поради промена на политичката клима, како и поради признавањето на НМСМ како единствено претставничко тело во Македонија на млади, од особена важност е на Генералното собрание како највисок орган на НМСМ, каде учествуваат сите организации членки да се креираат документи кои понатаму ќе бидат застапувани. Овие документи ќе бидат водич за Управниот одбор на НМСМ при застапување пред Владата на Р.М, Собранието на Р.М. и другите чинители. Преку овие документи ќе бидат утврдени позициите на организации членки за Законот за млади, локални младински совети, државниот буџет за НМСМ и младинското учество на НМСМ на највисокото скалило според Харт.

Цели и резултати

Цел

Да се зголеми учеството и придонесот на младинските организации во демократскиот процес преку креирање на младинските политики кои ќе ги унапредат потребите на младите во земјата, а ќе влијаат за доброто на поширокото општество.

Резултати

  • Дефинирани и усвоени стратешките приоритети на застапувачко тело составено од 49 организации НМСМ;
  • Изработени и усвоени 5 position papers за младите во Македонија;
  • Поднесени 5 репрезентативни документи кај носителите на одлуки.

Активности

  1. Изработка на 5 position papers за младите во Македонија;
  2. Застапување на 5те position papers кај носителите на одлуки.

 

Буџет: 113.500 МКД

Времетраење: 15.6.2017 – 14.12.2017

Веб страница