Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство – Глас против насилство
Објавено: 02/03/2016
Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство е основана на 7 декември 2010 година, од дваесет граѓански организации кои работат на превенција и борба против насилството врз жените и семејното насилство. Моментално мрежата има 27 организации членки кои обезбедуваат поддршка на жените од сите етнички групи, не земајќи го предвид нивниот социо- економски статус.
Визијата на мрежата е да создадеме општество ослободено од насилство во кое жените ќе можат целосно да ги реализираат своите потенцијали и способност за креирање на општество на еднакви можности.
Мисијата на мрежата е координирано делување на граѓанските организации во насока на унапредување на политиките и практиките за справување со проблемот на насилство врз жените и семејно насилство.
Мрежата се стреми кон препознавање на женските човекови права и нивна афирмација во Р. Македонија.
Конституенти
Граѓански организации кои работат на полето на човекови права /женски права, родова еднаквост, насилство врз жени и семејно насилство (27 организации членки на мрежата, како и Македонска платформа против сиромаштија, Здружение на новинари за човекови права, Платформа за родова еднаквост, Конект, Реактор, Здружение за кривично право и криминологија, Тииит инк).
Наслов
Насилството врз жените и медиумите: Унапредување на техниките за известување и медиумска покриеност на случаи на насилство врз жени.
За што е потребна акцијата
Со проектот ќе се воспостави релација со медиумите и ќе се укаже на нивната улога во известувањето за родово базираното насилство притоа, на новинарите ќе им бидат обезбедени информации за корените за таквото однесување, последиците од тоа како и за случувањата на терен.
Цели и резултати
Цел
Унапредување на соработката на граѓанските организации и медиумите во насока на подигнување на свеста кај пошироката јавност за постоење на различни форми на насилство врз жени, како и заеднички настап во процесот на застапување за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од насилство врз жени и домашно насилство.
Резултати
- Подобрена соработка помеѓу женските граѓански организации и медиумите;
- Унапредени знаења на новинарите за постоењето на различни форми на насилство врз жените;
- Зголемена ангажираност на новинарите во процесот на застапување за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство.
Активности
- Идентификување на новинари кои ќе се обучуваат и ќе известуваат за теми поврзани со родово базирано насилство;
- Работилница со новинари за претставување на важноста на Конвенцијата на советот на Европа за спречување и заштита од насилство врз жени и домашно насилство;
- 8 работилници со новинари на теми поврзани со различните форми на насилство врз жени;
- Изработка на речник за новинари за родово базирано насилство;
- Средби со уредниците на медиумите со кои ќе се воспостави соработка;
- Подготовка и објавување на статии/колумни од новинарите;
- Учество во ТВ и радио емисии;
- Состанок на организациите членки на националната мрежа и новинарите.
Буџет
388.020 МКД