МУЛТИКУЛТУРА
Објавено: 26/05/2016
Вкупен буџет: 2.500.000
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018
Веќе 15 години Мултикултура е активна во промовирање на младинската работа преку неформално образование и промовирање на културните и етничките групи кои живеат во Македонија. Во изминатиот период здружението активно се залагаше за зголемување на младинското учество во процесот на донесување на одлуки како на локално така и на национално ниво. Меѓукултурниот дијалог, толеранцијата и меѓусебното разбирање се водечки вредности кои Мултикултура ги промовира пред своите конституенти.
Покрај промовирањето на вредностите, нашите активности се насочени и кон давање на услуги на граѓаните. Меѓу тие услуги можеме да се издвојат тренинзите за развивање на вештини за вработување, давањето бесплатна правна помош како и поддршката на граѓаните во рамките на предложените иницијативи.
Сите овие активности Мултикултура успешно ги реализираше преку својот мултиетнички тим.
Конституенти
Главните конституенти за и со кои Мултикултура работи се млади луѓе од 15-30 години, вклучително ученици, студенти, како и вработени и невработени млади; потоа, претставниците на локалната власт ; претставниците од секторот за јавни дејности при Општина Тетово, како и општините Врапчиште и Брвеница; и донаторите.
Претходно искуство/проекти
Запознавање на младите учесници со културните вредности од сите етнички заедници кои живеат во Македонија; запознавање на младите учесници со можноста отворено да поставуваат прашања и да добијат искрени одговори од своите врсници; запознавање на младите со традицијата и со минатото на својот град; запознавање на младите и општата јавност да научи за важноста на заедничко живеење и како тоа го обликува регионот; надминување на предрасудите и стереотипите кај младите преку делење заеднички искуства; вклучување на средношколците во креирање на предлози до одлучувачките структури во средните училишта во Тетово.