Вкупен буџет: 3.927.668
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018

Младински Сојуз (МС) е независна, невладина, неполитичка и непрофитна организација основана во 1999 година со примарна цел креирање на динамична средина и обезбедување простор за активно и ентузијастично учество на младите луѓе во сите сфери на општественото живеење. МС е воден од страна на младите луѓе за млади луѓе, овозможувајќи им големо искуство на сите нејзини чинители.

Организацијата е со седиште во Крушево и има подружница во Скопје.

Визијата на МС е активно вклучување на младите луѓе во сите пори од општествениот живот и нивно влијание врз донесувањето на одлуки на локално, национално и регионално ниво.

Организацијата е препознатлива по Меѓународната младинска конференција (www.krusevoconference.org.mk ) и Контакти за заедничка иднина (www.c4cf.org).

Вредности и принципи: вклученост, демократија, еднакви можности, отвореност, солидарност, толеранција, разбирање, меѓусебно поддржување и соработка.

Организациската структура: Собрание на членови на МС, Претседател на МС, Управен одбор на МС, Претседател на Управен одбор на МС, Надзорен одбор на МС, Форум на волонтери на МС и УНЕСКО младински клуб.

Конституенти

МС има изградено голема база на конституенти составена од членови на организацијата, членови на раководните тела на организацијата, вработени, волонтери, поддржувачи и партнерски организации (нивните членови), корисници (младите луѓе), соработници и консултанти. Меѓу конституентите има еднаква родова застапеност, вклученост на субјекти со различно образование, различна возраст и различни ангажмани.

Членовите се млади луѓе меѓу 15 и 35 г., кои работат, студираат или изразуваат интерес за младинското учество и активизам, ги прифаќаат ставовите и целите и се директно вклучени во нашите програмски активности. Волонтерите во МС функционираат како дел од форумот на волонтери кој опфаќа млади луѓе на различна возраст од Македонија и од Балканот.

Тие се разновидни во однос на социо-економски статус, род, етничко потекло и образование.

Претходно искуство/проекти

Делувањето на Младински Сојуз е фокусирано на:

  • Поттикнување и поддршка на младите луѓе целосно да учествуваат во општеството;
  • Охрабрување и поттикнување младинска поддршка во интегративните процеси на РМ и регионот;
  • Зголемување на придонесот на младите во економскиот развој на нивните заедници;
  • Поддржување на нови начини на изразување на ставовите на младите луѓе.

Веб страница