Вкупен буџет: 4.000.000
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018

МКЦ – Битола води и координира проекти и програми поврзувајќи ги младите преку вклучување во настани кои ги истакнуваат нивните потенцијали во областа на волонтерството, неформалното образование, културата и граѓанските иницијативи.

Визијата на МКЦ- Битола е развиено демократско општество во кое младите се лидери на прогресот.

Мисијата на МКЦ- Битола е обединување и развој на креативните потенцијали на младите луѓе и поттикнување на граѓанскиот активизам.

Долгорочни цели: Развој на волонтерството и неформалната едукација; Развој на демократското и граѓанското општество; Развој на урбаната култура и продукција.

Краткорочни цели: Одржлив развој на Волонтерски центар на Македонија; Подобрување и јакнење на вештините кај младите; Поддршка и поттикнување на граѓански иницијативи и кампањи; Поддршка и афирмација на урбаната култура; Бесплатна правна помош; Промоција вредностите на УНЕСКО.

Конституенти

Младите од 15 – 35 години, со посебен акцент на средношколците и студентите кои се јавуваат како членови, волонтери и корисници на програмите на МКЦ – Битола, граѓаните без разлика на возраст како волонтери и корисници на програмите на МКЦ – Битола, граѓански организации од Македонија со акцент на младинските и волонтерските организации како партнери, поддржувачи и корисници на програмите на МКЦ – Битола, локалните самоуправи во Македонија и јавни институции (кои работаат со волонтери) како партнери, поддржувачи и корисници на програмите на МКЦ – Битола.

Тие се разновидни во однос на социо-економски статус, род, етничко потекло и образование.

Претходно искуство/проекти

МКЦ – Битола веќе девет години работи како национална канцеларија Волонтерски центар на Македонија координирајќи ја размената на волонтери на локално, регионално и меѓународно ниво, едуцира волонтери, нуди консултативни услуги на други субјекти и соработува со други локални и интернационални организации кои промовираат слични вредности. Во рамките на МКЦ – Битола функционира тренинг сервис преку кој континуирано се реализираат голем број на локални, национални и меѓународни обуки за развој на вештини, знаења и компетенции кај младите луѓе.

Веб страница